1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Растат тензиите во Ормускиот теснец

СН/агенции
4 мај 2026

Според Трамп, САД треба да започнат со „изнесување“ на бродови од Ормускиот Теснец. Помош ќе им се пружи на бродови од земји кои не се вклучени во војната. За Техеран, тоа би претставувало кршење на примирјето.

Поглед од небо на американски носач на авиони на отворено море. Зад него плови друг американски воен брод
Американската морнарица треба да им обезбеди придружба на бродови за да поминат низ Ормускиот ТеснецФотографија: abaca /picture alliance

САД, според претседателот Доналд Трамп, планираат од денеска изутрина по локално време да започнат со придружба на бродовите во Ормускиот теснец. На својата платформа Трут соушал, тој напиша дека безбедно ќе бидат изнесувани бродовите од Теснецот. Неколку земји кои не се вклучени во војната со Иран побарале таква помош од САД, напиша Трамп.
Тој не изнесе детали за точниот метод на спроведување на операцијата која ја нарече „Проект Слобода“. Во случај на евентуално нејзино попречување, Трамп се закани со решителен одговор.

Сведоштво на бродски капетан заглавен кај Ормускиот Теснец

01:05

This browser does not support the video element.

Американската војска ја поддржува операцијата

Американската војска, според сопствените изјави, ја поддржува најавената операција за обезбедување на трговскиот превоз во Ормускиот теснец. Операцијата се спроведува по наредба на американскиот претседател и треба да им овозможи на трговските бродови слободен премин низ важиот меѓународен трговски коридор, објави на платформата X, Американската Централна команда (Центком), која е надлежна за регионот. 

Иран ги предупредува САД - кршење на примирјето

Иран ги предупреди САД за дејствијата во Ормускиот теснец. Секое мешање на САД во теснецот ќе се смета за кршење на прекинот на огнот, напиша претседателот на парламентарниот комитет за безбедност, Ебрахим Азизи, на мрежата X. Ормускиот теснец и Персискиот Залив, рече тој, нема да бидат контролирани од „заблудените најави на Трамп“. 

Иранската војска пак денеска се закани дека американските сили ќе бидат нападнати доколку влезат во Ормускиот Теснец.

„Предупредуваме дека секоја странска вооружена сила – особено агресивната американска војска – доколку има намера да се приближи или да влезе во Ормускиот Теснец, ќе биде цел и ќе биде нападната“, се вели во соопштението на Централната команда на иранската војска, пренесено од државната телевизија ИРИБ.

„Повеќепати нагласивме дека безбедноста на Ормускиот Теснец е под контрола на вооружените сили на Исламската Република Иран, и во сите околности, секој безбеден премин мора да биде координиран со овие сили“, се истакнува натаму во соопштението

Од почетокот на војната, Иран де факто го затвори овој Теснец, кој е исклучително важен за светската трговија со нафта. Стотици танкери, контејнерски бродови и товарни бродови оттогаш се блокирани во регионот. Според здружението на германски бродосопственици, меѓу нив има и 47 бродови поврзани со Германија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми