1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Трамп навестува скорешен договор со Иран

СН/агенции
17 април 2026

Иако првите разговори меѓу Вашингтон и Техеран завршија без резултати, американскиот претседател сè уште е оптимист за постигнување договор. Тој најави дека лично ќе отпатува на потпишувањето.

Американскиот претседател Доналд Трамп (десно) дава изјава пред група новинари (лево)
Трамп за Иран: „Многу сме блиску до договор“Фотографија: Alex Brandon/AP Photo/picture alliance

И покрај неуспехот на првата рунда преговори меѓу САД и Иран за трајно решавање на конфликтот, американскиот претседател Доналд Трамп очекува скорешно решение. „Многу сме блиску до договор“, изјави тој за новинарите пред Белата куќа пред да замине за Лас Вегас. Доколку е потребно, додаде, ќе продолжи и примирјето, кое трае до следната среда.

Трамп уште изјави: „Сега имаме многу добри односи со Иран, колку и да е тешко да се поверува. Верувам дека тоа е комбинација од четири недели бомбардирање и многу ефикасна блокада.“

Доколку се постигне договор, Трамп ја разгледува можноста лично да отпатува во пакистанската престолнина Исламабад за да го потпише договорот, каде што делегации од двете земји се состанаа минатиот викенд на прва рунда преговори. Меѓутоа, тогаш не беше постигнат никаков резултат.

Првата рунда директни разговори САД-Иран во Исламабад не донесе резултатФотографија: Anjum Naveed/AP Photo/picture alliance

Американскиот претседател повторно ја нагласи важноста Иран да не поседува нуклеарна бомба, додавајќи дека тие категорично се согласиле со ова.„Тие се согласија да ни ја вратат нуклеарната прашина што лежи длабоко под земја поради нападите со нашите бомбардери Б-2. Значи, имаме многу заеднички интереси со Иран.“ Трамп често се осврнува на 440-те килограми високо збогатен ураниум што ги поседува Иран како нуклеарна прашина.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Трамп го уверил дека е решен да ја одржи поморската блокада против Иран и да ги намали нуклеарните капацитети на Техеран. Тоа, како и мировниот договор со Либан, би можеле фундаментално да ја променат безбедносната ситуација на Израел во регионот во наредните години, рече Нетанјаху.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми