1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп не може да собере половина милијарда долари за кауција

ЕМФ | агенции
19 март 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, според неговите адвокати, во моментов не може да даде гаранција за плаќање казна од судски процес за измама во висина од над 450 милиони долари.

Доналд Трамп суд
Доналд Трамп тврди дека се работи за „лов на вештерки“Фотографија: Brendan McDermid/REUTERS

Адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдат дека тој не е во состојба да плати кауција во висина од казната од околу 464 милиони долари (427 милиони евра) што му е изречена за финансиска измама. Ова произлегува од судски документ објавен во понеделникот (18.03) во Њујорк. Поради тоа, Трамп сега се соочува со ризик да биде конфискуван дел од неговиот недвижен имот. Ваква правна постапка би била сериозен удар не само за неговите финансии, туку и за имиџот на Трамп, кој секогаш се фали како брилијантен бизнисмен.

Адвокатите на Трамп, кој има големи изгледи да стане кандидат на Републиканците за изборите во ноември, поднесоа жалба на казната што му беше изречена во граѓанска тужба. Но, без оглед на тоа, тој мора да плати депозит еднаков на висината на казната плус камата, за што има рок до следниот понеделник. Ако дотогаш не ги собере парите, њујоршката обвинителка Летиција Џејмс може да започне со конфискација на имот на Трамп.

Трамп вчеравечер рече дека станува збор за „лов на вештерки“. Тој ја нарече казната „противуставна, неамериканска, без преседан и практично невозможна“ за „секоја компанија, вклучително и компанија успешна како мојата“.

Поранешниот американски претседател во февруари понуди кауција од 100 милиони долари. Но, оваа понуда беше одбиена од апелационен судија. Доналд Трамп и неговите синови Доналд Јуниор и Ерик беа прогласени за виновни за вештачки надувување на вредноста на имотот на семејната империја, со цел да добијат подобри услови за заеми и осигурувања.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми