1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

Трамп повикува на протести: „Во вторник ќе ме уапсат!“

ЖА / дпа
18 март 2023

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп очекува да биде уапсен идниот вторник и ги повика своите поддржувачи на протести.

Бившиот американски претседател Доналд Трамп
Бившиот американски претседател Доналд ТрампФотографија: Jonathan Ernst/REUTERS

„Водечкиот републикански кандидат и поранешен претседател на САД ќе биде уапсен во вторник идната недела. Протестирајте, вратете си ја нашата нација!“, напиша Трамп денеска (18.03.) на неговата социјална мрежа.

Државниот обвинител на Њујорк води истрага против Трамп за плаќање мито на една порно-актерка. Адвокатите на Трамп наводно пред шест години ѝ платиле на Сторми Даниелс да молчи за нејзината наводна афера со Доналд Трамп, а њујоршкото обвинителство размислува околу можноста да покрене обвинение по таа основа. Американските медиуми сметаат дека тоа ќе се случи во следните неколку дена. Трамп би бил првиот бивш претседател на САД обвинет за сомневање дека извршил кривично дело.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми