Трамп притиска за договор за Украина - Руте скептичен
26 ноември 2025
САД продолжуваат да вршат притисок во разговорите за завршување на војната во Украина и се стремат кон брз напредок. Остануваат само неколку спорни точки, напиша претседателот Доналд Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.
Минатата недела, САД претставија план од 28 точки за завршување на војната. Со надеж дека планот ќе биде финализиран, американскиот претседател им нареди на своите преговарачи итно да се сретнат со претставници на Русија и на Украина. Се очекува украинскиот шеф на државата, Володимир Зеленски, да пристигне на состанок со Трамп веќе во ноември.
Според Трамп, неговиот специјален пратеник Стив Виткоф треба да разговара со шефот на Кремљ, Владимир Путин, во Москва „веројатно следната недела“. Советникот на Кремљ, Јури Ушаков, го потврди „прелиминарниот договор“. Државниот секретар во Министерството за одбрана на САД, Даниел Дрискол, кој делува како преговарач, треба истовремено да се сретне со Украинците. Трамп подоцна изјави, во авион кон Флорида, дека не поставил „рок“ за постигнување договор.
Дали преговарачот на Трамп му давал совети на Кремљ?
Во исто време, републиканецот го бранеше Виткоф од обвинувањата - кои станаа гласни дури и во партијата на претседателот - дека се однесува премногу проруски и со тоа се дисквалификувал како преговарач.
Според медиумите, американскиот специјален пратеник наводно му дал совет на советникот на Кремљ дека рускиот шеф на државата, Владимир Путин, треба да му предложи договор за Украина на американскиот претседател Доналд Трамп. Тоа доаѓа од транскриптот од телефонскиот разговор од 14 октомври помеѓу Виткоф и советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, според извештајот на Блумберг од вторникот. Телефонскиот повик, се чини, дека укажува на потеклото на Планот од 28 точки, кој е поддржан од претседателот Трамп.
Трамп го нарекува својот „мировен план“ само „концепт“.
Критичарите оригиналниот американски „мировен план“, кој вклучуваше 28 точки - и кој Трамп сега сака да се разбере само како „концепт“, иако првично изврши притисок врз Украина да го прифати најдоцна до четврток - го критикуваа како едностран „руски список на желби“, делумно затоа што Украина беше принудена да направи и неприфатливи територијални отстапки.
Трамп сега го отфрли обвинувањето за територијални отстапки. „На крајот на краиштата, тоа е територија која би можела да биде освоена од Русија во следните неколку месеци“, рече тој во авионот Ер Форс Уан. Развојот се движи „само во една насока“ - со што мисли: во корист на Русија. Сепак, и Москва ќе направи отстапки, имено ќе „престане да се бори и повеќе нема да ја освојува земјата“.
Генералниот секретар на НАТО предупредува од преголеми очекувања
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во меѓувреме, предупредува пд преголеми очекувања во дебатата. За новинската мрежа Редакционснецверк Дојчланд и шпанскиот весник Ел Паис, тој рече:
„Планот содржи некои силни, но и некои тешки елементи, кои бараат уште работа и преговори“, рече Руте.
„На патот кон мирот, сѐ уште не сме ни блиску до целта“, додаде Руте. „Мировниот план“, за кој сега е повторно се преговараше во Женева со Европа и со Украина, е основа за разговори меѓу Украина и САД.
НАТО неединствен околу евентуалниот влез на Украина
Руте најави дека нема да прифати вето од Москва за пристапувањето на Украина во НАТО.
„Русија нема право на глас ниту вето за тоа кој ќе стане член на НАТО“, рече Руте.
Сепак, во рамки на НАТО, приемот на нова членка бара едногласност - а неколку сојузници, вклучувајќи ги и САД, во моментов се изјаснија против пристапување. Ако треба да се осигура дека Владимир Путин никогаш повеќе нема да се обиде да ја нападне Украина, мора да се создадат барем соодветни безбедносни гаранции.