1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиВенецуела

Трамп: САД ја нападнаа Венецуела и го заробија Мадуро

СН/агенции
3 јануари 2026

По повеќемесечни закани САД ја нападнаа Венецуела. Претседателот Николас Мадуро бил заробен и однесен надвор од земјата, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес
Претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се уапсени и изнесени од земјата, објавиденеска Трамп Фотографија: Federico Parra/AFP

Американскиот претседателДоналд Трампго потврдинападотна американската војска врзВенецуела.ПретседателотНиколас Мадуро,заедно со неговата сопруга, се уапсени иизнесени од земјата,напиша денеска Трамп на својата мрежа Трут соушал. Тој најави прес-конференција во Мар-а-Лаго, Флорида, во 17 часот по средноевропско време.

Постот на Трамп на Трут Соушл за заробувањето на МадуроФотографија: Truth Social/@realDonaldTrump

Апсењето Мадуро, според изјавите на американски претставник, било извршено од елитни американски војници. Телевизискиот канал Си-Би-Ес Њуз извести дека станувало збор за припадници на „Делта Форс“, специјална единица на американската армија.

Според извори блиски до владата во Вашингтон, на венецуелскиот лидер ќе му се суди во САД. Заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, изјави дека 63-годишникот ќе биде повикан на одговорност за своите „злосторства“. 

Според американската државна обвинителка Пам Бонди, Мадуро и неговата сопруга ќе бидат изведени пред суд во Њујорк. Бонди изјави дека Мадуро ќе се соочи со обвиненија, вклучително и за трговија со дрога.

Двајцата Венецуелци наскоро ќе се соочат со „целиот гнев на американскиот правосуден систем на американска почва во американските судови“, објави американската државна обвинителка на своите профили на социјалните мрежи. 

Експлозии во Каракас

Претходно медиумите известија за борбени авиони кои летаат над главниот град Каракас во текот на ноќта помеѓу петок и сабота (локално време), како и за серија експлозии и прекини на електричната енергија во делови од земјата.

Воздушните напади, според медиумските извештаи, биле насочени главно кон воени бази, аеродроми, комуникациски објекти и пристаништа.

Пожар во Фуерте Тиуна, најголемиот воен комплекс во Венецуела, по серијата американски нападиФотографија: STR/AFP

Венецуела во соопштение обвини за „флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации“ што го загрозува мирот во целиот регион. Владата во Каракас прогласи вонредна состојба и нареди мовилизација на целата земја заради одбрана од „империјалистичкиот напад“

Закани што траат со месеци

Од август 2025 година, американската влада се заканува совоени акциина  венецуелската територија. Вашингтон како причина ја наведе борбата против производството и трговијата со дрога. Во тој контекст, американската морнарица веќе потопи неколку рибарски бродови од Венецуела и од Колумбија во меѓународни води, кои наводно транспортирале дрога. Претседателот Трамп повеќепати изјави дека бара промена на режимот во Венецуела и дека не исклучува воена интервенција.
Во Венецуела, претседателот Мадуро владее сè поавторитативно од 2013 година. САД ја подложија јужноамериканската земја на санкции од 2015 година. Мадуро, одамна ги обвинува САДдека сакаат да изнудатпромена на власта во Каракас. По неговиот реизбор во 2024 година, кој беше засенет од обвинувања за измама, владата во Вашингтон повеќе не го признаваше левичарскиот политичар како легитимен шеф на државата.
Покрај тоа, САД го обвинуваат Мадуро за трговија со дрога. За информации што ќе доведат до негово апсење, САД понудија награда до 50 милиони долари. 

Актуелизирано на 03.01.2026 во 14:15

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми