1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп: Преземање на Гренланд со сила доколку е потребно

ЖА / агенции
10 јануари 2026

Американскиот претседател отворено се заканува дека ќе го стави огромниот арктички остров под американска контрола, доколку е потребно и со воена сила.

Американскиот претседател Доналд Трамп  и арктичкиот остров Гренланд
Американскиот претседател Доналд Трамп се заканува дека ќе го стави Гренланд под американска контрола, доколку е потребно и со воена силаФотографија: Federico Parra/Odd Andersen/AFP

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно се закани дека ќе употреби сила за да го преземе Гренланд од Данска. „Ќе направиме нешто во врска со Гренланд, без разлика дали им се допаѓа тоа или не“, рече Трамп во петокот во Белата куќа. „Би сакал да постигнеме договор, знаете, на лесен начин. Но, ако не можеме да го направиме тоа на лесен начин, ќе го направиме на тежок начин“, додаде Трамп.

Трамп повторно ги потврди аспирациите на САД врз островот Гренланд, кој ѝ припаѓа на Данска, членка на ЕУ  и  НАТО,  по американската воена интервенција во Венецуела. Според Белата куќа, американскиот претседател не исклучува воена сила за да го добие островот богат со ресурси.

Трамп ја наведе националната безбедност на САД како оправдување за своите амбиции, тврдејќи дека има премногу руски и кинески бродови кои пловат околу Гренланд.

„Нема да дозволиме Русија или Кина да го окупираат Гренланд“, повтори Трамп во петокот. „Ќе го сторат тоа ако ние не го сториме тоа. Затоа ќе направиме нешто во врска со Гренланд, или на попријатен или на потешкиот начин.“

Данска и другите земји од ЕУ  и НАТО реагираа со негодување на заканите на Доналд Трамп. Данската премиерка Мете Фредериксен дури предупреди дека нападот врз Гренланд од страна на сојузникот на НАТО,  САД,  би значел крај на одбранбената алијанса.  Трамп одговори велејќи дека е „обожавател“ на Данска. „Тие беа многу добри кон мене“, додаде американскиот претседател. „Но, знаете, само затоа што брод  се вкотвил таму пред 500 години,  не значи дека тие ја поседуваат земјата.“

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми