1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп се жали пред Врховниот суд

ЕМФ / ртр
13 февруари 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се жали пред Врховниот суд на САД во врска со неговиот имунитет.

Доналд Трамп
Доналд Трамп се жали пред Врховниот судФотографија: Mike Segar/REUTERS

Доналд Трамп бара од Врховниот суд да ја суспендира одлуката на апелацискиот суд, според која тој нема заштита од тужби во врска со случајот на упадот во Капитол. Апелацискиот суд на 6 февруари едногласно го отфрли барањето на Трамп тој да не одговара во случајот, поради тоа што обвиненијата биле поврзани со неговите задачи како претседател на државата.

Со вклучувањето на Врховниот суд во случајот сега целата постапка може да се одолговлече до по претседателските избори во ноември. Доколку на изборите победи Трамп, тој би можел самиот да се помилува.

Доналд Трамп се товари за вмешаност во обидот на неговите поддржувачи со упад во Капитол на 6 јануари 2021 година да спречат преземање на власта од страна на  Џо Бајден. Трамп ги отфрла обвиненијата и тврди дека има имунитет. Неговите адвокати аргументираат дека според Уставот, само Конгресот е тој кој може да го повика Трамп на одговорност.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми