1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп со „корпа“ за ЕУ: Не знам дали ќе ви помогнеме

ЖА
11 јануари 2024

Републиканскиот аспирант за претседател на САД, Доналд Трамп, во случај да победи, не е сигурен дали воено ќе им помогне на европските партнери во НАТО.

Бившиот американски претседател Доналд Трамп
Бившиот американски претседател Доналд ТрампФотографија: Kamil Krzaczynski/AFP/Getty Images

Трамп ја остава отворена опцијата дали како можен иден претседател ќе и` помогне воено на Европа ако биде нападната.

„Зависи од тоа како ќе се однесуваат. Погледнете од овој аспект, НАТО ја искористуваше нашата земја. Европските држави извлекоа корист од тоа“, изјави Трамп во средата на изборен митинг во Дес Моинс.

Во својот прв претседателски мандат од 2017 до 2021 година,  Трамп постојано ја обвинуваше ЕУ  за нефер трговско однесување, а членките на НАТО за премалку издвојувања за вооружување во заедничката каса. 

Претходно комесарот на Европската унија за внатрешен пазар, Тиери Бретон на подиумска дискусија во Европскиот парламент потсетил на разговорот меѓу  Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Светскиот економски форум во Давос, на кој и самиот бил присутен. Бретон ги цитирал зборовите на екс-претседателот: „Треба да ви биде јасно дека никогаш нема да ви помогнеме ако Европа биде нападната. Патем, НАТО е мртов и ние ќе го напуштиме. И уште нешто, ни должите 400 милијарди долари кои  вие Германците  ги немате уплатено за одбраната“.

Според Бретон, тогашната изјава на Трамп треба да се разбере како  „силен повик за будење“. 

77-годишниот Трамп е неспорен фаворит во трката за претседателска номинација на Републиканската партија, која започнува на 15 јануари во американската сојузна држава Ајова. Најновата анкета на Ројтерс/Ипсос од средата покажа водство на Трамп меѓу Републиканците со 49 проценти, пред поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли која има поддршка од 12 проценти и гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис со 11 проценти.

Како кандидат, Трамп веројатно исто како и во 2020 година, ќе се соочи со демократскиот ривал, актуелниот претседател 81-годишниот Џо Бајден. Последни анкети покажуваат нивна речиси изедначена позиција, а претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември годинава.  

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми