1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Транспаренси: Мал напредок во борбата против корупцијата

ДТЗ
30 јануари 2024

Северна Македонија е на 76. место со 42 поени од 180 држави според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата. Земјата напредувала две места во споредба со извештајот за 2022 година.

Транспаренси корупција
Транспаренси: Измените на Кривичниот законии - сопка за напредок во борбата против корупцијатаФотографија: DW/C.Vieira Teixeira

Северна Македонија е на 76. место од 180 држави според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата,којшто секоја година го објавува Транспаренси Интернешнел. Со 42 поени, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, земјата напредуваладве места во споредба со извештајот за 2022 година. 

Измените во Кривичниот законик се наведуваат како главна забелешка за слабиот напредок во земјата во борбата против корупцијата. Но, тие се и причина за загриженост, како и „политички мотивираните назначувања и разрешувања на судии“. 

И покрај малиот напредок, Македонија и понатаму е во друштво на Унгарија, Молдавија,Тринидад и Тобаго и Буркина Фасо. Од регионот, подобро рангирани од Македонија се Словенија, Хрватска, Грција, Црна Гора и Бугарија, додека Косово, Албанија, Србија и БиХ се со послаби резултати во борбата против корупцијата. 

Загриженост 

„Само што почнаа да се појавуваат некои мали знаци на напредок, судскиот систем во Северна Македонија (42) беше значително „нарушен“ со недемократски направените измени на Кривичниот законик“, се наведува во извештајот.

Во него се наведува дека одлуката да се намалат казните за злоупотреба на службената положба за лична корист и скратените рокови за покренувањето на правна постапка за сомнителни случаи на корупција е голема услуга за корумпираните луѓе. „Се проценува дека 200 случаи ќе бидат отфрлени, вклучително и оние против поранешни високи функционери. Политички мотивираните назначувања и разрешувања на судии предизвикуваат дополнителна загриженост за способноста на судството ефикасно да се бори против корупцијата“, се посочува во извешајот. 

Стагнација 

Индексот на перцепција на корупцијата за 2023 година, кој што меѓународната организација Транспаренси интернешнел го објави денеска, посочува дека повеќето земји постигнале мал или воопшто не постигнале никаков напредок во справувањето со корупцијата во јавниот сектор.

Данска (90) е на врвот на индексот шеста година по ред, а по неа следуваат Финска и Нов Зеланд. На дното на листата се Сомалија, Венецуела, Сирија, Јужен Судан и Јемен. 

Во извештајот се заклучува дека има глобален пад на правдата и владеењето на правото од 2016 година. Подемот на авторитаризмот во некои земји придонесува за овој тренд, па дури и во демократски контекст, механизмите кои ги држат владите под контрола се ослабени. Владите ширум политичкиот спектар ги поткопаа правосудните системи, ги ограничија граѓанските слободи и се потпираа на недемократски стратегии за справување со неодамнешните предизвици, вклучително и со пандемијата.

Овогодинешниот Индекс на перцепција на корупцијата (ИПК) покажува дека само 28 од 180 земји измерени со овој индекс го подобриле нивото на корупција во последните дванаесет години, а 34 земји значително се влошиле. И покрај напредокот постигнат низ целата планета во криминализирањето на корупцијата и формирањето специјализирани институции за справување со неа, нивото на корупција стагнира на глобално ниво.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми