1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиКина

Продолжија кинеските воени вежби околу Тајван

СН/агенции
10 април 2023

На третиот ден од воените маневри кај Тајван, кинеската војска продолжи да вежба „опколување“ на островот. Десетици воени авиони симулираат „воздушна блокада“ на Тајван, јавија кинеските медиуми.

Пилот на кинеската армија во кокпитот на воениот авион за време на маневрите кај Тајван
Пилот на кинеската армија во кокпитот на воениот авион за време на маневрите кај ТајванФотографија: Eastern Theatre Command/REUTERS

Кинеската војска денеска ги продолжи воените вежбите околу Тајван, јавуваат кинеските државни медиуми. Кинеските воздухопловни и поморски сили учествуваат во вежбите околу Тајван, а им се придружи и носач на авиони, додека Тајпеј соопшти дека е забележан нов бран воени авиони околу островот.

Кина во саботата ги најави тридневните вежби наречени „Заеднички меч“, откако тајванската претседателка Тсаи Инг-вен се врати во Тајпеј, по средбата во Лос Анџелес со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти. Кинеската државна телевизија соопшти дека авионите, вклучително и бомбардерите Х-6 способни да носат нуклеарно оружје, како и воени бродови, вежбаат да „формираат повеќенасочна блокада на целиот остров“.

Оклопни возила на Народната ослободителна армија на Кина кои учествуваат во вежбата „Заеднички меч“Фотографија: Eastern Theatre Command/REUTERS

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека до утринава се забележани 70 воени авиони и 11 бродови околу Тајван.

Средбата на Тсаи со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти, во Калифорнија минатата недела, предизвика жестока реакција од Пекинг, кој ја означи политичарката и нејзината Демократска напредна партија како сепаратисти.

Тајван, парламентарна демократија чиј оспорен статус произлегува од исходот на кинеската граѓанска војна од 1927-1949 година, управува одвоено од континентална Кина, но официјално е признаен од само неколку земји.

Кинески војници товарат ракети на воените возила во рамките на воената вежба „Заеднички меч“Фотографија: Uncredited/CCTV/AP/dpa/picture alliance

САД официјално не го признаваат Тајван, но изразија противење на едностраните обиди за промена на статусот кво и со децении ја поддржуваат одбраната на островот со продажба на оружје.

Американскиот Стејт департмент во неделата соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата и оти Пекинг не треба да ја претвори посетата на Цаи „во нешто што не е или да ја користи како изговор за претерана реакција“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми