1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД и Кина воведуваат нови пристанишни такси

ЖА / агенции
14 октомври 2025

Царинскиот конфликт меѓу САД и Кина продолжува. Пекинг најави нови такси за одредени товарни бродови. И владата на САД веќе најави слични мерки.

Кинески товарен брод во пристаниште
САД и Кина ја прошируваат трговската војна и во поморскиот превозФотографија: CFOTO/picture alliance

Од денеска, САД и Кина наметнуваат пристанишни такси на товарни бродови што превезуваат сè, од играчки до сурова нафта. Со ова, трговскиот конфликт меѓу двете најголеми економии во светот, се проширува и на поморскиот превоз.

Кина објави дека ќе воведе посебни давачки за бродови во сопственост на САД, управувани од САД, изградени во  САД или бродови што пловат под американско знаме. Во исто време, владата во Пекинг разјасни дека бродовите изградени во Кина ќе бидат ослободени од давачките. Како што објави државниот радиодифузер ККТВ во вторник, ослободувањата важат и за празни бродови што влегуваат во кинески бродоградилишта за поправки.

Администрацијата на американскиот претседател  Доналд Трамп  претходно оваа година објави дека ќе воведе пристанишни такси за товарни бродови во сопственост на Кина и за бродови изградени или кои пловат под кинеско знаме. Ова има за цел  да ја намали доминацијата на Кина  во глобалната бродска индустрија и да го зајакне бродоградбата во САД. Кина возврати минатата недела со објавување на свои пристанишни такси.

Според аналитичарот Омар Нокта од истражувачката фирма „Џефрис“, од најновите најавени мерки засегнати се 13 проценти од глобалната флота на танкери за нафта и 11 проценти од контејнерските бродови. Експертите очекуваат кинеската компанија за контејнерски превоз „Коско“ да биде најтешко погодена,  таа ќе сноси речиси половина од 3,2 милијарди долари американски такси што се очекуваат за 2026 година.

Во петокот, Трамп објави  дополнителни царини против Кина од 100 проценти,  кои ќе стапат на сила најдоцна до ноември. Причината за ова беше претходната најава на Пекинг за заострување на контролата врз извозот на технологии поврзани со  ретки метали. Тонот меѓу двете земји значително се заострува.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми