1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трифун Костовски: Еуростандард банка беше убиена со умисла

ДТЗ
22 август 2022

Странски експерти во Скопје го презентираа извештајот на 160 страници за нелегална банкарска шема, преку која се тврди дека се прекршувале важечките регулативи во областа на банкарството

Северна Македонија Драго Кос Трифун Костовски
Трифун Костовски заедно со тим од странски експерти за банкарски криминал, предвоени од Драго Кос, го презентираа извештајот за пропаѓањето на Еуростандард банкаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Мнозинскиот акционер на Еуростандард банка, Трифун Костовски на прес-конференција во Скопје, заедно со тим од странски експерти за банкарски криминал, предвоени од Драго Кос, го презентираа извештајот за пропаѓањето на Еуростандард банка. На 160 страници се презентираат детали за, како што се тврди, нелегална шема преку која неколку комерцијални банки во земјата систематски ги прекршувале важечките регулативи во областа на банкарството, за да можат да кредитираат и субјекти коишто не се подобни за добивање на банкарски кредити.

„Еуростандард банка беше убиена со умисла. Нема да застанам ниту еден миг во потрагата по вистината. Ја барам вистината за мојата Еуростандард банка, која имаше шанси да прерасне во нешто подобро и поголемо“, порача Костовски, кој најави долготрајна битка за вистината. „Ова ќе биде долга војна, давам збор дека нема да отстапам ниту милиметар од овој мој пат“, рече Костовски. 

И ревизорите и Костовски го вперија прстот на одговорноста кон институциите, коишто затаиле во овој случај и не презеле мерки на време за да го спречат пропаѓањето на банката. Одговорноста се лоцира во Народната банка, државата и институциите надлежни за прогон, коишто имале надлежност за спроведување на законите. 

„Затаиле сите институции за да може навреме да се отвори и спречи една 'организирана финансиска активност', која што излегува надвор од законите и прописите и во земјата и согласно меѓународните закони“, истакна Слаѓана Тасева, од „Транспаренси Интернешнл“. Според неа, обвинителката за организиран криминал, која првично работела на случајот, била сменета, а нејзината наследничка веднаш ја отфрлила пријавата. 

„Еуростандард банка беше убиена со умисла. Нема да застанам ниту еден миг во потрагата по вистината“, вели Трифун КостовскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Како се одвивала шемата?

Според извештајот, шемата функционирала на таков начин што одредена банка идентификувала компании коишто се подготвени да ги отстапат своите деловни сметки, на кои банката потоа им исплаќала одредени износи врз основа на фиктивни договори за кредит, а потоа истите компании формално им ги позајмувале тие износи на други компании. На сличен начин, потоа овие средства и се враќале на банката. На тој начин, банката остварувала придобивка од вештачки зголемените кредитни пласмани, платените провизии, камати, казнени камати и други трошоци, додека компаниите коишто вршеле улога на конвертирање кредити во заеми, поради исклучителниот обем на шемата којшто не дозволувал можност за вршење контрола, вообичаено претрпувале сериозни загуби.

„Ниту една од компаниите вклучени во оваа шема не била целосно запознаена со ова, бидејќи во неа учествувале многу банки и компании чиишто претставници, и покрај големите готовински трансакции, честопати воопшто не се ни познавале. Ниту една од овие компании не можела да води евиденција на сите плаќања, бидејќи тие едноставно не знаеле за нив, особено доколку парите се пренесувале преку други компании и преку други, а не нивните, комерцијални банки. Само банките, барем во првичните фази, можеле да го следат текот на овој процес на кредитирање и позајмување, а откако се развила шемата, дури и тие почнале да губат контрола над тоа кој кому платил и кој кому должи“, се наведува во извештајот.

Со оглед на фактот дека такво брзо финансирање не би можело да биде поинаку обезбедено, релевантните законски документи се потпишувале исклучително брзо или пак се подготвувале подоцна, додека налозите за пренос се вршеле надвор од работното време. Поради динамиката на настаните, сите лица кои требало да стават потпис не секогаш биле достапни, поради што било неопходно нивните потписи да бидат фалсификувани на налозите за пренос, договорите за кредит, договорите за заем и слично, а ова се случувало во најголемиот број на случаи. Честопати, лицата чиишто потписи биле фалсификувани дури не биле ни свесни за тоа.

Според Костовски, „без негово и знаење на акционерите, Еуростандард банка била вклучена во незаконските шеми“Фотографија: DW/P. Stojanovski

Незаконско кредитирање

Странските ревизори направиле анализа во врска со еден од овие случаи, во која е опишана шема. за како што се тврди, „незаконско кредитирање управувана од страна на Комерцијална банка АД Скопје, во повеќето случаи преку деловните сметки на две компании“. Па така се наведува дека во текот на периодот помеѓу 2004 и 2011 година во шемата биле вклучени седум банки, 45 други компании и едно физичко лице. Во истиот период, докажани се најмалку 103 фалсификувани потписи на налози за пренос, пет фалсификувани потписи на договори за кредит и 32 фалсификувани потписи на договори за заем, а биле изготвени и потпишани 40 фиктивни договори за кредит и 81 фиктивни договор за заем.

„Исто така, за приближно 54 трансакции помеѓу компании, коишто учествувале во шемата, воопшто не биле склучени договори за заем, што укажува на фактот дека Комерцијална банка, поради обемноста на шемата и бројот на банки и компании што учествувале во неа, конечно изгубила секаква контрола врз истата. По пат на оваа шема којашто функционирала од 2004 до 2011 година, само преку две компании, Комерцијална банка заработила 5.573.602 евра во незаконски стекната добивка, додека овие две компании претрпеле штета во износ од 21.601.991 евра“, се посочува во извештајот.

Според Костовски, „без негово и знаење на акционерите, Еуростандард банка била вклучена во незаконските шеми, а Народната банка не ги искористила сите алатки што ги има на располагање за да ги заштити.

 

 

 

 

 

 

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми