1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаТурција

Турција го повика германскиот амбасадор

ЕМФ | дпа
3 февруари 2023

Владата во Анкара го повика германскиот амбасадор поради последните предупредувања од можни терористички напади во Турција.

Мевлут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Турција
Мевлут Чавушоглу, министер за надворешни работи на ТурцијаФотографија: Murat Gok /AA/picture alliance

Германскиот амбасадор е повикан во турското Министерство за надворешни работи. Покрај него, повикани се и дипломатските претставници на САД, Холандија, Шведска, Швајцарија, Велика Британија, Белгија, Франција и Италија, се вели од дипломатски кругови. 

Повеќе дипломатски претставништва минатата недела предупредија од зголемен ризик од напади во Турција и на почетокот од оваа недела затворија дел од своите претставништва. Во позадината на предупредувањеѕо најверојатно е сквернавењето на Куранот во повеќе земји.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу им упати тешки обвинувања на странските амбасади. „Ако сакаат да креираат имиџ дека Турција е нестабилна и дека постои опасност од тероризам, тогаш тоа е неспоиво со пријателство и партнерство“, изјави Чавушоглу денеска (3.02). Според него, на Турцијане ѝ било соопштено од кого произлегува опасноста и кои места конкретно се загрозени.

Зградата на германскиот конзулат во ИстанбулФотографија: Lars Halbauer/picture-alliance/dpa

Амбасадорите, како што рече Чавушоглу, во турското МНР биле „потсетени“ дека таков вид заеднички акции ѝ служат само на „подмолната агенда на терористичките организации“.

Претходно и турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу ги оцени предупредувањата како продукт на странски заговор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми