1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТурција

Турција: Мајка и две деца спасени по 228 часа под урнатините

СН/агенции
16 февруари 2023

Десет дена по земјотресот на векот, повеќето меѓународни спасувачки тимови ја завршија својата мисија. Но, регионалните спасувачи и натаму трагаат по преживеани. И притоа се случуваат своевидни чуда

Разурната станбена зграда во Антакија, градот во кој беа спасени мајката и двете деца
Разурната станбена зграда во Антакија, градот во кој беа спасени мајката и двете децаФотографија: Anne Pollmann/dpa/picture alliance

Две жени се извлечени од под урнатините во јужниот турски град Кахраманмараш, а мајка и две деца се спасени во градот Антакија во текот на вчерашниот ден, додека спасувачките напори од потрага по преживеани под урнатините се позасилено се фокусираат на помошта за настраданите без покрив над главата. 

Турските медиуми, најнапред објавија снимки на кои можеше да се види како спасувачите ракоплескаат и се прегрнуваат додека брзата помош однесе 74-годишна жена извлечена од под урнатините во Кахраманмараш, а претходно во текот на денот, 46-годишна жена беше спасена во истиот град, кој се наоѓа во близина на епицентарите на катастрофалните земјотреси.

Фокусот на хуманитарните напори во Турција од потрага по преживеани се префрла на помошта на настраданите без покрив над главатаФотографија: Burcu Karakas/DW

Подоцна во средата, една жена по име Ела и нејзините деца Мејсам и Али беа извлечени од под урнатините на станбен блок во Антакија, 228 часа по земјотресот, соопшти државната новинска агенција Анадолу.

Спасувачите ги предале децата и жената на екипа на брза помош која им пружила прва помош, а потоа ги однела во болница. Брзата помош беше испратена со аплауз, а насобраните спасувачи се прегрнуваа и си честитаа.

Вкупниот број на загинати во Турција и во Сирија се искачи на повеќе од 41.000, а на милиони им е потребна хуманитарна помош, при што многу преживеани останаа без покрив над главата на ниските зимски температури. Спасувања од под урнатините има сѐ помалку и на подолг временски интервал.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми