1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаТурција

Турција: Одлуката ќе падне веројатно во втор круг

ЕМФ | агенции
15 мај 2023

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е во водство на претседателските избори во Турција. Првичните резултати покажуваат дека сѐ оди во насока на втор круг избори, што би било првпат во историјата на земјата.

Гласачко ливче во Турција
Гласачко ливче во ТурцијаФотографија: DHA via AP/picture alliance

По пребројувањето на 91,93 отсто од гласовите на претседателските избори во Турција, за 69-годишниот Реџеп Таип Ердоган гласале 49,49 отсто од гласачите, изјави вчеравечер (14.05) шефот на турската изборна комисија. Неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу од опозициската ЦХП добил 44,49 проценти гласови.

Претходно, членови од двата табора признаа дека ниту еден од кандидатите нема да има повеќе од 50 проценти гласови во првиот круг. Ердоган, во првото обраќање по изборите,пред седиштето на неговата партија во Анкара изјави дека актуелните резултати покажувале оти тој е далеку пред Киличдароглу, односно дека имал околу 2,6 милиони гласови повеќе.

Киличдароглу по првиот круг избори исто така изрази увереност во победа и оцени дека желбата на општеството за промени е „повисока од 50 проценти“.

Допрва ќе се бројат гласовите од странство. Доколку ниту еден од двајцата кандидати не добие најмалку 50 отсто од гласовите во овој изборен круг, втор круг избори треба да се одржи на 28 мај.

Третиот кандидат на претседателските избори, Синан Оган, доби околу 5% од гласовите. „Во случај да има втор круг избори, пред нас ќе имаме тешки 14 дена“, изјави Оган вчеравачер, без да каже кого од кандидатите би го поддржал на 28 мај.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми