1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МедиумиГлобално

Твитер блокираше профили на новинари

ЕМФ | агенции
16 декември 2022

Tитер ги блокираше профилите на повеќе новинари кои известуваа за компанијата и нејзиниот нов шеф, Илон Маск.

Од Твитер нема објаснување за блокирањето на профилите на новинарите
Од Твитер нема објаснување за блокирањето на профилите на новинаритеФотографија: Dado Ruvic/REUTERS

Онлајн-платформата Твитер вчера (15.12) блокираше профили на повеќе новинари, без притоа да бидат наведени причините за тоа. Дел од новинарите претходниот ден информирале за блокирањето на профилот на кој беа документирани сите летови на Илон Маск.

Новинарите чии профили се блокирани работат за медиуми како Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост. Но, погодени се и фриленс-новинари.

„Ненадејната и неоправдана суспензија на новинарите, вклучително и Дони О'Саливен од Си-Ен-Ен, е загрижувачка, но не и изненадувачка“, соопшти Си-Ен-Ен. „Зголемената нестабилност на Твитер би требало да предизвика голема загриженост кај секој што ја користи платформата“, додава Си-Ен-Ен и бара објаснување од Твитер.

Мултимилиајрдерот Маск, кој во моментов е втор најбогат човек на светот, го втурна Твитер во хаос по преземањето на платформатаво октомври годинава. Тој ги отпушти врвните менаџери на концернот и половина од вработените и повторно вклучи блокирани профили, како оној на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Критичарите стравуваат дека под раководство на Маск, на Твитер може многу брзо да се зголемат пораките со омраза и лажните вести.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми