1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоИталија

Голем удар за Коза Ностра, уапсен босот Денаро

БГ /РТР
16 јануари 2023

Најбараниот италијански мафијашки бос, Матео Месина Денаро, беше уапсен од полицијата во приватна болница во Сицилија во понеделникот. Денаро беше во бегство од 1993 година, а осуден е за бројни злосторства

Месина Денаро Италија
Месина Денаро во полициско комби по апсењетоФотографија: Carabinieri/REUTERS

Познат под прекарот „Дијаболик“ и „Слабиот“, Месина Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на анти-мафијашките судии/обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година- злосторства кои ја шокираа земјата и доведоа до засилена пресметка со Коза Ностра. 

60-годишниот Денаро, беше спроведен од двајца униформирани карабињери од болницата „Ла Мадалена“ во Палермо и сместен во полициско комби. На снимките на социјалните мрежи може да се видат локални граѓани како аплаудираат и им честитаат на полицајците кои го обезбедуваат местото на апсењето. Судски извори соопштија дека Денаро добивал третмани за рак, а минатата година имал и операција, коишто ги добивал под лажно име. 

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го поздрави апсењето како „голема победа за државата“.
Сестрата на убиениот обвинител Џовани, Марија Фалконе, се приклучи кон честитките.

„Ова докажува дека мафијашите, и покрај заблудите за семоќност, се осудени на пораз во судирот со демократската држава“, порача таа.

Брзи автомобили и скапа гардероба

Месина Денаро потекнува од малото градче Кастелветрано во западна Сицилија, и е син на мафијашки бос. Полицијата минатиот септември соопшти дека тој се уште бил во состојба да издава наредби за функционирањето на мафијата во регионот на Трапани, кое било негово регионално седиште. 

Пред да се сокрие, Денаро бил познат по возењето скапи автомобили, и носењето скапи костуми и Ролекс часовници. 

Се соочува со повеќекратни доживотни затворски казни поради неговата улога во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе во 1993 година, како и за бројни други убиства во текот на 1990-те. 

Фотографија на Месина Денаро издадена од италијанската полиција во 2011 годинаФотографија: Italian police/dpa/picture alliance

Во 1993 година, тој помогнал да се организира киднапирањето на 12-годишниот Ѓузепе Ди Матео, во обид да го убеди неговиот татко да не сведочи против мафијата. Момчето беше држено во заложништво две години пред да биде задавено, а неговото тело потопено во киселина.

Во 2015 година, полицијата откри дека Месина Денаро комуницира со своите најблиски соработници преку системот „пицини“, во кој малечки, превиткани хартиени пораки биле оставани под еден камен на фарма во Сицилија. Полицијата со децении ги пребаруваше домовите и бизнисите на соработниците на Денаро на островот, но никогаш не успеа да го пронајде.

Коза Ностра ја губи моќта

Кога во 1990-те години државата започна голема операција против Коза Ностра, сицилијанските мафијаши започнаа да ја губат доминацијата во Италија во однос на други криминални организации.

Експертите велат дека Коза Ностра веќе заостанува зад Ндрангета- калабриската мафија, како најсилна организирана криминална група во Италија.

„Постои чувство дека сицилијанската мафија не е толку силна како порано, особено од 1990-те. Тие не успеаја да влезат на пазарот со дрога и заостануваат зад Ндрангета“, вели Федерико Варезе, професор по криминологија на Универзитетот Оксфорд. 

Она што ја ослабна Коза Ностра беа предавствата на пониски членови во хиерархијата, а токму тоа е силината на Ндрангета, која се потпира на роднинските врски на своите „војници“.

Но сицилијанската мафија се уште води некои операции за шверц на дрога, а другите профитабилни бизниси вклучуваат инфилтрација во јавни проекти и изнуда на пари од сопственици на мали бизниси. 

Италијанските мафијашки куќи

01:45

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми