1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалФилипини

Уапсен поранешниот филипински претседател Дутерте

СН/агенции
11 март 2025

На Филипините, поранешниот претседател Родриго Дутерте беше уапсен на аеродромот во Манила по враќањето од патување. Против него е распишан меѓународен налог за апсење од страна на Меѓународниот кривичен суд.

Родриго Дутерте предизвика бројни меѓународни критики поради смртоносната борба против наркотиците
Родриго Дутерте предизвика бројни меѓународни критики поради смртоносната борба против трговијата со наркотициФотографија: Bullit Marquez/AP Photo/picture alliance

Поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте беше уапсен денеска на аеродромот во Манила, откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење во врска со неговата таканаречена „војна против дрогата“.

„Интерпол Манила рано утринава доби официјална копија од налогот за апсење од МКС“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Фердинанд Маркос. „Од сега тој е под надзор на властите.“

Властите соопштија дека 79-годишниот поранешен лидер е во добра здравствена состојба и дека бил прегледан од владини лекари.

Дутерте се враќал од Хонг Конг, каде рекол дека е подготвен да биде уапсен.

МКС ги истражува убиствата во „војната против дрогата“ на Дутерте.

Тој се соочува со обвиненија за „убиство злосторство против човештвото“, наведува МКС.

Со булдожери против корупцијата и криминалот

01:05

This browser does not support the video element.

Илјадници луѓе беа убиени за време на претседателството на Дутерте со оваа земја од Југоисточна Азија од 2016 до 2022 година. „Војната против дрогата“ беше главното предизборно ветување кое му помогна на Дутерте да стане претседател во 2016 година.

Според наводите на полицијата, 6.200 осомничени биле убиени за време на операциите против дрогата, но активистите велат дека реалната бројка во акцијата била далеку поголема.

За време на неговиот мандат, Дутерте ги повлече Филипините од МКС, кој започна истрага за вонсудски убиства.

Официјалната истрага започната во септември 2021 година беше суспендирана два месеци подоцна поради преглед на смртни случаи поврзани со дрога од страна на властите во Манила, но продолжи во јули 2023 година, откако петчлената комисија го отфрли приговорот за јурисдикцијата на Филипините.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми