1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамГерманија

Oсомничени исламисти планирале напад на шведскиот парламент

ЕМФ | агенции
19 март 2024

Во Гера, Германија, се уапсени двајца осомничени исламисти за кои постои сомневање дека планирале напад на шведскиот парламент.

полиција
Фотографија: Karl-Josef Hildenbrand/dpa/picture alliance

Сојузното обвинителство на Германија издаде налог за апсење на двајца осомничени исламисти, поради тоа што, меѓу другото, планирале напад со огнено оружје „врз полицајци и други лица“ во Стокхолм, „на просторот на шведскиот парламент“, соопшти денеска (19.03) портпаролка на Обвинителството.

Двајцата осомничени, кои според агенцијата АФП имале извршено „конкретни подготовки“, се уапсени во градот Гера, во германската покраина Тирингија. Според Обвинителството, станува збор за двајца Авганистанци кои добивале упатства од огранок на „Исламска држава“.

Германскиот јавен радиодифузен сервис АРД јави дека можен мотив за плановите за напад било јавното сквернавење на Куранот минатата година, односно желбата за одмазда поради тоа. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми