1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалБугарија

Убиство на контроверзен бизнисмен во Софија

СН/дв | агенции
17 август 2023

Алексеј Петров беше поранешен таен агент и владин советник за борба против организираниот криминал, кој успеа да преживее најмалку два напади врз неговиот живот. Во последните години стана познат бизнисмен во Бугарија.

Алексеј Петров, поранешен таен агент кој стана бизнисмен, беше убиен при прошетка во бугарскиот главен град Софија.
Алексеј Петров, поранешен таен агент кој стана бизнисмен, беше убиен при прошетка во бугарскиот главен град Софија.Фотографија: BGNES

Бугарските власти во средата, 17 август, 2023, соопштија дека Алексеј Петров, поранешен таен агент кој стана бизнисмен, бил застрелан среде бел ден во Софија.

Петров претходно преживеал  два обиди за атентати врз него во Бугарија, соопштија властите.

Петар Тодоров, висок функционер во Министерството за внатрешни работи, изјави за новинарите дека Петров бил на прошетка во Софија, главниот град на Бугарија, со придружничка кога „било пукано во него“. Се вели дека во нападот била повредена и жената.

Турбулентната кариера на Петров од таен агент до бизнисмен и владин советник беше симбол на тешката транзиција на неговата земја од комунизам во демократија.

Имаше два претходни обиди за негово убиство, еден во 2002 година, кога наводно беше ранет во престрелка поврзана со дрога и напад во 2015 година, во кој не беше повреден.

Врски со организираниот криминал 

Во последните години, 61-годишникот раководеше со една од најголемите осигурителни компании во земјата. Работеше и како советник на првиот човек на Државната агенција за национална безбедност.

Наречен „Трактор“ поради неговиот бескомпромисен карактер, тој беше уапсен и обвинет во 2021 година за водење на криминална група вмешана во изнуда, рекетирање, трговија со дрога, перење пари и даночно затајување.

Петров беше ослободен со кауција и на крајот беше ослободен од обвиненијата. Во 2011 година неуспешно се кандидираше за претседател на Бугарија.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми