1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаШвајцарија

УБС ја презема Кредит Свис

АРД | Б. Јордановска
20 март 2023

Швајцарската банка УБС ја презема конкурентската Кредит Свис. Швајцарската централна банка гарантира за преземањето со 100 милијарди франци. Тоа е најзначајна банкарска фузија во Европа од финансиската криза досега.

УБС и Кредит Свис се меѓу 30-те банки ширум светот класифицирани како „преголеми за да пропаднат“.
УБС и Кредит Свис се меѓу 30-те банки ширум светот класифицирани како „преголеми за да пропаднат“.Фотографија: Michael Buholzer/KEYSTONE/picture alliance

Големата швајцарска банка УБС ќе ја преземе ривалската Кредит Свис која западна во длбока криза, соопштуваат од Сојузниот совет, како и претставници на двете институции и нивните надзорни одбори. И швајцарската надзорна управа Финма се согласи со преземањето. Досегашниот шеф на управниот одбор на Кредит Свис, Колм Келехер, ќе стане претседател на новата банка, додека шефот на УБС, Ралф Хамерс, ќе стане нејзин извршен директор.

УБС ќе ја преземе Кредит Свис за цена од три милијарди франци, кои ќе бидат платени со сопствени акции. Акционери на Кредит Свис со тоа за 22,48 акции на својата банка ќе добијат 1 акција на УБС. Кредит Свис ја има изгубено довербата на финансиските пазари, рече швајцарскиот претседател Алан Берсе на краткорочно закажана предконференција. Преземањето од страна на УБС е најдоброто решение за повторно да се воспостави доверба, оцени тој. Берсе додаде дека тоа не е „од клучно значење” само за Швајцарија, туку и за целосниот глобален финансиски систем.

Националната банка се согласи на помош за ликвидност

Швајцарската национална банка преземањето го обезбедува со помош за ликвидност во висина од 100 милијарди франци, осносно 101 милијарда евра, за двете банки. За да се намали ризикот за УБС, Сојузот ветува гаранции во висина од девет милијарди франци за покривање на потенцијални загуби, се вели понатаму. Со преземените мерки ќе се осигура Швајцарската национална банка во случај на потреба да стои на располагње за обезбедување ликвидност. Банката на Англија ги поздрави преземените чекори од швајцарските институции за поддршка на финансиската стабилност.

Директорите на двете големи швајцарски банки и владини претставници на конференцијата за медиуми во неделата вечерта (19.03.2023) во БернФотографија: Denis Balibouse/REUTERS

Кредит Свис потоа се обидувше да ги смири и стравувањата од кратење на работни места. Од банката велат: „УБС се убедени дека соработниците на Кредит Свис ќе може и натаму да останат на работа”. Новиот претседател на УБС, Келехер, рече дека е прерано да се каже дали ќе има кратења на работни места и во кој обем. Според информации на еден инсајдер, погодени би можеле да бидат најмалку 10 илјади работни места.

Новата банка поголема од Дојче Банк

Повеќедневен маратон претходеше на фузионирањето. Во него учествуваа претставници на банките, како и врвни политичари и членови на надзорните одбори. Притисокот за фузионирање врз двете страни се вршеше од страна на политиката и надзорните органи. И Швајцарскиот сојузен совет изминатиот викенд одржа неколку седници за ситуацијата со Кредит Свис. Фузионирањето е најзначајното во Европа по глобалната финансиска криза пред 15 години. На овој начин настанува една од системски најрелевантните финансиски институции во Европа - поголема и од Дојче банк.

Кредит Свис е меѓу 30-те глобално системски релевантни банки, а нејзина пропаст би го потресла меѓународниот финансиски систем. „Со преземањето на Кредит Свис од страна на УБС во ваквата вонредна ситуација се најде репение за обезбедување на финанасиската стабилност и заштита на швајцарскта економија”, се вели во соопштението до Швајцарската народна банка. Сето тоа придонесува за стабилноста на сѐвкупниот финансиски сектор.

ЕЦБ со пофалби за брзата реакција на Швајцарија

Брзо преземените мерки за спас на Кредит Свис според проценките на ЕЦБ се клучни за смирување на финансиските пазари. Брзото постапување и одлуките на швајцарските власти се клучни за повторно воспоставување на пазарни услови и обезбедување на финансиската стабилност, појасни претседателкат на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Изрази олеснување: шефицата на Европската Централна Банка, Кристин Лагард (архивска фотографија)Фотографија: Daniel ROLAND/AFP

Во секој случај ЕЦБ е целосно опремена на финансискиот систем во еврозоната да му обезбеди беспрекорно функционирање на паричната политика, како и ликвидност во случај на потреба. Претседателот на Американската централна банка, Џероми Пауел и министерката за финансии Џенет Јелен исто така го поздравија фузионирањето и велат дека се во близок контакт со меѓународните партнери за да ја поддржат реализацијата на договорот за преземање на Кредит Свис.

Кредит Свис во последно време беше под голем притисок

По серија поранешни скандали, Кредит Свис неодамна повторно се најде под притисок - меѓу другото и заради затворањето на двете американски банки „Банка на Силиконската долина” и „Сигничр”, кои предизвикаа бранувања во финансискиот сектор. Изјавите од претставници на најголемиот акционер во Кредит Свис, имено Саудиската национална банка од Саудиска Арабија, дека не сакаат да ги зголемат инвестициите во банката, беа финалниот тригер за падот на курсот на банката.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми