1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвав час по историја во Белград

3 мај 2023

Осум деца и чуварот на училиштето загинаа, а уште шест деца и една наставничка се повредени откако ученик отвори оган во основното училиште Владислав Рибникар во Белград. Полицијата го уапси 14-годишниот ученик.

Белград Србија
Полицајци со специјална опрема ја затворија целата област околу основното училиште кое се наоѓа во населбата Врачар.Фотографија: Darko Vojinovic/AP Photo/picture alliance

Полицијата го уапси ученикот во седмо одделение на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, осомничен дека со пиштолот на неговиот татко утрово испукал повеќе истрели во правец на соучениците и обезбедувањето на училиштето. Нападот се случил во средата наутро околу 8:40 часот за време на часот по историја. 

Полицајци со специјална опрема ја затворија целата област околу основното училиште кое се наоѓа во населбата Врачар.Фотографија: Darko Vojinovic/AP/picture-alliance

Полицајци со специјална опрема ја затворија целата област околу основното училиште кое се наоѓа во населбата Врачар. Училиштето е оградено со лента, а се пропуштаат само родителите кои трагаат по своите деца. Полицијата ги прозива родителите по одделенијата во кои одат нивните деца, а дел од родителите плачат и ги гушкаат децата, јави агенцијата Бета. 

Полицајци го обезбедуваат училиштето по нападотФотографија: Darko Vojinovic/AP/picture-alliance

„Видов деца како бегаат од училиштето со вриштење. Родителите дојдоа, тие беа во паника. Подоцна слушнав три истрели“, средношколка која учи во соседното средно училиште изјави за РТС.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми