За седум години бројката на ученици се „стопи“ за 17 илјади
11 јуни 2025
Училиштата се повеќе се празнат, па на матурските таблоа се случува да има повеќе наставници околу ученици. Овој загрижувачки демографски тренд во изминатите седум години резултираше со намалување на бројката на ученици во основните и средните училишта за 17 илјади, а бројот на првачиња е намален за околу 3.500 деца. Околу 5.000 студенти се школуваат во странство.
„Причина за ова е иселувањето во странство. Имаме информации дека тоа не се случува и во текот на учебната година“, вели министерката за образование Весна Јаневска.
Таа се согласува дека е огромна бројката на деца кои заминуваат да се школуваат надвор од земјата. Но, вели дека Владата прави се што може за да ги задржи младите дома. „Ако ги реализираме ветувањата и обезбедиме пред се економски услови, се надеваме дека дел од населението ќе почне да се враќа во Македонија“, вели Јаневска.
Колку и да им е убаво надвор, таа смета дека сите сакаат да бидат дома, доколку имаат можности за пристоен живот.
„Со подобрување на економските услови, дел од населението ќе почне да се враќа“, децидна е министерката.
Демографски поместувања
Неодамнешната анализа на УНИЦЕФ за ситуацијата на децата и адолесцентите, покажа дека Северна Македонија се соочува со значителни демографски поместувања. Детската популација се намалила за 18 проценти од 2011 до 2023 година, а се забележува и ниска стапка на фертилитет од 1,5, што укажува на намалување на населението.
Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации од 2024 година, кое се базира на податоци од Државниот завод за статистика, покажува дека само за последните десет години, бројот на ученици во основните и во средните училишта е намален за 27 илјади. Намалувањето на бројот на ученици е особено изразен во средното образование, каде само за десет години, бројот на ученици е намален дури за 20 проценти, односно за 17 илјади ученици, а во основното образование, намалувањето изнесува 5 проценти, односно 10 илјади ученици.
Во две третини од општините има намалување на бројот на ученици, додека зголемување има во десет скопски општини и во 9 други општини, надвор од Скопскиот регион. Најголемо намалување на бројот на ученици во вкупна бројка има во општина Гази Баба, каде во последната учебна година имало дури 2.389 помалку ученици отколку пред десет години. Следна општина е Тетово каде имало речиси 1.500 ученици помалку, само за период од десет години.
Истовремено со намалувањето на бројот на ученици во основното образование насекаде низ земјата бројот на наставници е зголемен. Во последната учебна година имало 1.203 наставници повеќе отколку пред десет години, односно нивниот број е зголемен за 7 %. Истовремено, бројот на ученици е намален за 5 проценти. Кога станува збор за средното образование, бројот на наставници е намален за речиси 5 %, но таму намалувањето на бројот на ученици е за 20 %.
Аларм во основното образование
Податоците само го потврдуваат негативниот тренд којшто се случува со години наназад. Алармантно е што за само една година, 14 основни училишта во Северна Македонија ставиле клуч на вратата. Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажаа дека од 976 во 2021/2022 година, бројот на основни училишта во 2023 година се намалил на 962. Статистиката забележува намалување и на бројот на паралелки и на ученици. Пораст има само на бројот на наставници.
„Со години наназад бројот на ученици во македонските училишта опаѓа, а бројот на наставници континуирано расте. Само оваа година, споредено со претходната, во училиштата ширум Македонија биле ангажирани над 600 наставници повеќе. Во исто време, бројот на основци и средношколци се намалил за неколку илјади“, соопштија од партијата Левица.
Според нив, за жал зголемениот број на наставници не значи и поголем квалитет на образованието. Тие потсетуваат дека ПИСА тестирањето јасно покажа дека дури 73,6% од учениците на 15-годишна возраст се функционално неписмени – не се оспособени да читаат со разбирање. Исто така, 66,2% не ја совладале математиката на основно ниво, а 65,3% не го разбираат основниот концепт од природните науки. Според извештајот на УНИЦЕФ, секое трето дете до 18 години е функционално неписмено.
Според нив, ова не е само статистика, туку аларм за итна промена. „Нужно е итно да се крене глас и да се бара одговорност од оние кои го доведоа образовниот систем до колапс. Ученици без книги, просветни работници без потребни квалификации, училишта што не исполнуваат никакви стандарди и кадаровската политика согласно потребите на партиите, доведе до пеплосување на образовниот систем, којшто наместо да гради, ја уништува иднината на учениците“, велат од партијата.
Има ли простор за оптимизам?
Неодамнешната анализа на УНИЦЕФ за ситуацијата на децата и адолесцентите, покажа дека Северна Македонија се соочува со значителни демографски поместувања. Детската популација се намалила за 18 проценти од 2011 до 2023 година, а се забележува и ниска стапка на фертилитет од 1,5, што укажува на намалување на населението.
Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации од 2024 година, кое се базира на податоци од Државниот завод за статистика, покажува дека само за последните десет години, бројот на ученици во основните и во средните училишта е намален за 27 илјади. Намалувањето на бројот на ученици е особено изразен во средното образование, каде само за десет години, бројот на ученици е намален дури за 20 проценти, односно за 17 илјади ученици, а во основното образование, намалувањето изнесува 5 проценти, односно 10 илјади ученици.
Во две третини од општините има намалување на бројот на ученици, додека зголемување има во десет скопски општини и во 9 други општини, надвор од Скопскиот регион. Најголемо намалување на бројот на ученици во вкупна бројка има во општина Гази Баба, каде во последната учебна година имало дури 2.389 помалку ученици отколку пред десет години. Следна општина е Тетово каде имало речиси 1.500 ученици помалку, само за период од десет години.
Истовремено со намалувањето на бројот на ученици во основното образование насекаде низ земјата бројот на наставници е зголемен. Во последната учебна година имало 1.203 наставници повеќе отколку пред десет години, односно нивниот број е зголемен за 7 %. Истовремено, бројот на ученици е намален за 5 проценти. Кога станува збор за средното образование, бројот на наставници е намален за речиси 5 %, но таму намалувањето на бројот на ученици е за 20 %.
Награди и признанија како стимул
Со цел да се задржат младите во земјата, Министерството за образование и општините преземаат низа мерки за помош, награда и стимулирање на талентираните ученици. Надлежното министерство најавува нови учебници од септември, подобрена настава, пракса, усовршување на дигиталните вештини и примена на вештачката интелигенција за да се подобри квалитетот на образованието коешто им се нуди на учениците.
Дел од општините објавија јавен повик за доделување на награди на талентирани ученици и спортисти од основните училишта, како стимул за нивното понатамошно градење како личности. Некои се одлучија парично да ги наградат првенците или со доделување стипендии како резултат на нивните добри резултати, посебно во областа на математиката, физиката и хемијата.
Крушево, на пример, да ги задржи младите се одлучи да воведе финансиска поддршка за учениците од прва година.