1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Деветгодишник е најмладиот милионер во Македонија

ДТЗ
31 октомври 2023

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска вели дека најголема месечна бруто плата во 2022 година е исплатена за трговија на големо со тутун и изнесувала 195.000 евра.

денари
Деветгодишник е најмладиот милионер во МакедонијаФотографија: DW/E. Milosevska Fidanoska

Најмладиот милионер кој остварил најголема добивка во денари во Македонија минатата година има само девет години. Тој „заработил“ еден милион денари од закупнина, додека највозрасниот милионер има 97 години и лани остварил доход од 1,2 милиони денари од пензија и доход од извршена работа.

Дваесет и четиригодишно момче, пак, се најде на овогодишната листа на милионери во евра. Тој пријавил доход од странство во износ 61,6 милиони денари, додека 77-годишно лице остварило 92,9 милиони денари доход, главно од дивиденти од компании во земјата.

Највисока плата 

Скопјани убедливо водат по заработката и во земјата и со странски клиенти. Најновите податоци на УЈП покажуваат дека жител на Скопје лани заработил 446 милиони денари годишен бруто доход. 

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска на прес-конференција информираше дека најголема месечна бруто плата во 2022 година е исплатена во дејност трговија на големо со тутун и изнесувала 195.000 евра.

Највисокото лично примање по основ на извршена работа го пријавил граѓанин од Скопје и изнесува 280 милиони денари на годишно ниво, а доходот е остварен во странство. На врвот на листата за исплата на највисок доход од самостојно вршење дејност повторно се скопјани, а највисокиот износ е 61,9 милиони денари. 

Топ најплатени 

Во десет најдобро рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија и од дејноста производство на амбалажа од хартија. Највисокиот доход од продажба на земјоделски производи е во износ од 18,9 милиони денари, а ја остварил жител на Скопје.

Највисоката капитална добивка минатата година изнесува 173,4 милиони денари, а е остварена и пријавена од граѓанин на Скопје кој продал удел во трговско друштво чија дејност е производство на филмови, видео филмови и телевизиска програма.

Највисоката исплатена дивиденда е во износ од 229,6 милиони денари на граѓанин на Скопје, кој се јавува како сопственик на удел во компанија чија дејност е болници. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми