1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

10.000 покани за доход од странство - граѓаните реагираат

26 декември 2025

УЈП испрати 10.000 покани за пријавување на доход од странство. Протести во Куманово, реакција на Петрова и објаснување на даночните правила

Управа за јавни приходи во Скопје 27.11.2017
УЈП: законска обврска за пријавување доход од странствоФотографија: DW/P. Stojanovski

Управата за јавни приходи (УЈП) досега испратила околу 10.000 покани до граѓани кои треба да го пријаватдоходот остварен во странство. Директорката Елена Петрова е децидна дека сите даночни резиденти се должни да го пријават и оданочат целокупниот светски доход, вклучително и приходите стекнати надвор од државата.

10.000 покани и бројки за текот на постапката

Според соопштението на УЈП, по испратените покани: околу 1.200 лица доброволно поднеле пресметки, а околу 1.300 лица добиле даночни решенија. За овие 2.500 лица пресметаниот данок изнесува речиси еден милион евра. Процесот на проверки и оданочување е во тек и опфаќа граѓани од повеќе градови. 

Протести во Куманово поради даночните решенија 

Најавени се протести во Куманово, откако голем број граѓани добија решенија за персонален данок на доход за период од 2020 година наваму. Посебно погодени се илјадници кумановци кои работеле во американски бази во Ирак и Авганистан, при што исплатите биле вршени на сметки во Македонија.

Петрова нагласува дека не станува збор за ретроактивно оданочување, ниту за нова мерка, туку за постоечка законска обврска утврдена со Законот за данок на личен доход и претходно со Законот за персонален данок на доход. Овој пристап е усогласен со универзален принцип применлив во секоја даночна јурисдикција: даночниот резидент го оданочува својот целокупен светски доход во државата на резиденство.

„Фактот што во минатото обврската не била доследно применувана не значи дека не постоела, ниту дека може да биде изземена од законската примена“, порача Петрова.

УЈП појаснува дека граѓаните нема да бидат двојно оданочени ако за истиот доход платиле данок во странство. Граѓаните кои сметаат дека им се повредени права во тековната постапка имаат можност да користат редовни правни лекови.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми