1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УЈП: Како се одвивала шемата за исплата на фиктивен ДДВ?

ДТЗ
15 јануари 2024

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска вели е спречена измама од над 160 милиони денари по основ на ДДВ и 19 милиони денари од Данок на личен доход

Сања Лукаревска
Сања Лукаревска вели е спречена измама од над 160 милиони денари по основ на ДДВ и 19 милиони денари по основ на Данок на личен доход Фотографија: Petr Stojanovski

Три компании и петмина добавувачи со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на Данок на личен доход. Станува збор за компании кои се регистрирале за трговија со нафта и нафтени деривари, но ниту имале лиценци за оваа дејност, ниту пак бензиски пумпи и складишта за чување на нафтата. Издавале и примале фиктивни фактури, а зад целата шема според Управата за јавни приходи (УЈП), се кријат двајца сопственици, од кои едниот извршил промена на податоците во Централниот регистар. Фирмите имале и исто сметководствено биро. 

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на брифинг со новинарите информираше дека шемата е навреме разоткриена со што нема оштетување на Буџетот. Даночните службеници спречиле исплати за поврат на ДДВ од над 160 милиони денари (2,5 милиони евра) и за Данок на личен  доход од речиси 19 милиони денари, велат од УЈП. 

Како се одвивала шемата? 

Тројца даночни обврзници и петмина добавувачи се обиделе да ги изиграат законите преку промена на назив и седиште на правното лице, како и промена на сопственичката и управувачката структура, без да имаат пријавени вработени, соодветни лиценци од Регулаторната комисија за енергетика, бензинска пумпа и складишен простор, служејќи се со фиктивни фактури за милионски суми.  

Заедничко за првиот и третиот случај е што фирмите имале ист сопственик од Македонија, кој подоцна го сменил презимето, наводно поради фамилијарни причини. Кога УЈП започнало со контроли, започнала и промена на сопственичката структура. Фирмите одеднаш добиле газди во Хрватска и во Косово. 

Докази и пријави 

Кај првиот контролиран случај станува збор за  утврдени неправилности по основ на ДДВ од над 79 милиони денари, во вториот од  26 милиони денари, а во третиот случај за околу 54 милиони денари. За овие случаи УЈП доставиле писмени пријави со докази до Основното јавно обвинителство и МВР на 15 ноември 2023 година, а до Управата за финансиска полиција на 1 декември 2023 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми