1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина: Досега најголем руски напад со дронови

ЕМФ | агенции
25 ноември 2023

Во досега најголемиот руски напад со дронови се повредени пет лица, се вели од украински извори

Украина | Киев оштетување
Градинка во Киев оштетна во рускиот напад со дроновиФотографија: Valentyn Ogirenko/REUTERS

Русија, според украински наводи, во текот на ноќта повторно го нападнала Киев со дронови. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм објави информации за остатоци од беспилотни летала што се урнале во главниот град. Поради тоа избувнале пожари на повеќе места, вклучително и во станбена зграда и во градинка. Повредени се неколку лица, меѓу кои и единаесетгодишно дете. Градската администрација на Киев зборува за најголемиот напад врз главниот град од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија ја нападнала неговата земја со над 70 ирански дронови Шахед.Скоро сите биле соборени, повеќето над главниот град. Нападот на денот кога Украина го одбележува споменот на милионите загинати во холодоморот - големиот глад под советскиот диктатор Сталин во 1930-тите - е акт на намерен терор, оцени Зеленски.

Русија ја напаѓа Украина од воздух постојано откако започна нејзината инвазија на 24 февруари 2022 година. По испораките на западните системи за противвоздушна одбрана, украинскиот систем за противвоздушна одбрана може да собори поголем дел од дроновите и ракетите. Земјата го повика Западот да испорача уште повеќе системи за противвоздушна одбрана со цел уште подобро да ги заштити своите градови и региони.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми