1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина го суспендира министерот Халушченко поради корупција

ЕМФ | агенции
12 ноември 2025

Украинскиот министер за правда Херман Халушченко е суспендиран поради корупциски скандал во енергетскиот сектор.

Министерот Херман Халушченко е суспендиран поради корупциски скандал во енергетскиот сектор на Украина
Суспендираниот Херман Халушченко до летото беше министер за енергетикаФотографија: Anatolii Stepanov/AFP/Getty Images

Украинската влада го суспендираше министерот за правда Херман Халушченко поради корупцискиот скандал поврзан со домашната компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“.

Халушченко, кој до летото беше министер за енергетика, е разрешен од должноста, објави денеска (12.11) премиерката Јулија Свириденко на социјалните мрежи. Должностите на Халушченко го презема заменичката министерка за европски интеграции Људмила Сугак.

Скандалот со „Енергоатом“ и притисок за мито

Премиерката Свириденко вчера изјави дека гласот на Халушченко се слуша на снимка од разговор со осомничени лица, објавена од истражна агенција. Според обвинувањата, деловни партнери на „Енергоатом“ биле притискани да платат мито.

Владата веќе го распушти надзорниот одбор на „Енергоатом“.

Корупцијата и енергетската криза

Случајот предизвика големи реакции во Украина и ја стави борбата против корупцијата во центарот на вниманието. Обвинувањата се особено чувствителни, бидејќи населението се соочува со можни прекини на струја оваа зима поради руските напади врз енергетската инфраструктура.

Во текот на летото, обидите на владата да ја ограничи независноста на антикорупциските институции предизвикаа остра критика и надвор од Украина. Борбата против широко распространетата корупција се смета за клучна за украинските аспирации за членство во ЕУ и за обезбедување милијарди евра помош од западните сојузници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми