1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина го усвои спорниот закон за мобилизација на војници

ЖА
11 април 2024

Повеќе од две години по руската инвазија, Украина се обидува со нов закон да го прошири опфатот на мажи способни за воена служба, зашто за неа речиси веќе нема доброволци.

Украински војници на тренинг
Украински војници на тренингФотографија: Kuba Stezycki/REUTERS

Украина, по нападот од Русија, по речиси тримесечна расправа го усвои контроверзниот закон за мобилизација. За него гласаа 283 пратеници, а беа неопходни 226 гласови, објавија во четвртокот украинските медиуми.

Конечниот текст не го вклучува правото на војниците да се откажат од службата по три години. Однапред беше кажано дека за таа цел треба да се донесе посебен закон.

Главно, со законот се заоструваат правилата за опфат на лица способни за воена служба. Кога законот ќе стапи на сила, сите мажи на возраст помеѓу 18 и 60 години ќе бидат должни перидот додека важи воена состојба, со себе да ја носат војничката книшка. Во рок од два месеци мажите треба да ги ажурираат и своите лични податоци, во спротивно ќе следат казни. Нови  украински патни исправи во странство  ќе се издаваат само со приложување на важечки воени документи.  Тие ќе можат меѓутоа да се добијат само при враќање во Украина. Покрај казните за игнорирање на  поканата за регрутација,  со мали исклуоци во иднина се заканува и одземање на возачката дозвола. Предлогот за блокирање на банкарските сметки како казна беше отфрлен.

Во руската инвазија,  која трае повеќе од две години,  украинските вооружени сили  се соочуваат со зголемени проблеми  нивните загуби да ги компензираат со нови војници. Претседателот Володимир Зеленски неодамна стави на сила закон со кој се намалува возраста за резервистите од 27 на 25 години. Ова овозможува мажите на возраст помеѓу 25 и 60 години да бидат повикувани на воен рок. Жените во Украина можат волонтерски да се пријавуваат за воена служба.

Армијата, Националната гарда и граничната служба заедно имаат повеќе од еден милион жени и мажи под оружје. Преостанатиот мобилизирачки потенцијал украинскиот портал texty.org.ua  го проценува на околу пет милиони лица. И покрај тоа што забраната за напуштање на земјата за регрути важи од почетокот на војната, десетици илјади од нив ја преминаа илегално границата со лажни документи бегајќи во странство. Само во областите Полтава, Ивано-Франковск и Черновци за повеќе од 70.000 луѓе е објавена потерница. Од почеток на војната, од страна на јавното обвинителство се поведени повеќе од 46.000 постапки за дезертерство и неовластено заминување од војската, а трендот бележи нагол раст. Повеќе од една четвртина од ова отпаѓа на првиот квартал од 2024 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми