1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина: Наjсилен напад врз Харков од почетокот на војната

СН/агенции
7 јуни 2025

Харков се наоѓа на истокот од Украина, во близина на границата со Русија, и затоа често е цел на руски напади. Овојпат, вториот по големина град во земјата е особено тешко погоден.

Пожар гори во зграда во Харков погодена во руски напад со дрон на 7 јуни, 2025
Пожар гори во зграда во Харков погодена во руски напад со дрон на 7 јуни, 2025Фотографија: Sofiia Gatilova/REUTERS

Според украинските податоци, најмалку пет лица загинаа во големите руски воздушни напади во текот на ноќта и утрото врз украинските градови Харков и Херсон.

Особено тешко погоден од руските воздушни напади беше источниот украински град Харков, каде според властите, имало бројни жртви. Градоначалникот на вториот по големина град во Украина, Игор Терехов напиша на Телеграм дека три лица загинале во нападите во кои се погодени и станбени згради. 21 лице е повредено, вклучувајќи бебе и 14-годишно девојче.

Разурнат дел од станбена зграда погодена во рускиот воздушен напад врз ХарковФотографија: Andrii Marienko/AP/dpa/picture alliance

Според изјавите на градоначалникот, 48 беспилотни летала, 2 ракети и 4 едрилици паднале на различни локации во вториот по големина град во земјата. Како резултат на нападите, кои продолжиле рано наутро, избувнале неколку пожари.

„Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната. Во последниот час и половина, во градот се регистрирани најмалку 40 експлозии“, рече Терехов. Оштетени се 18 станбени блокови и 13 приватни куќи. Според гувернерот Олександр Прокудин, две лица загинале во Херсон.

Претходната ноќ, Русија изврши масовни воздушни напади врз Украина. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски во нив загинале најмалку шест луѓе. Најтешко погоден од нападите беше главнио град Киев.

Пожарникарите во Киев долго се справуваа со последиците од масивниот руски воздушен напад во ноќта кон петокот, 6 јуни, 2025 годинаФотографија: Valentyn Ogirenko/REUTERS

Москва ги нарече овие напади „реакција“ на украинските напади со беспилотни летала врз руските воени бази во минатиот викенд, во кои беа уништени неколку руски воени авиони.

Украина во војната инсистира на итно 30-дневно прекин на огнот без предуслови. Меѓутоа, рускиот претседател Владимир Путин засега тоа го одбива. Разговорите меѓу Русија и Украина минатиот понеделник во Истанбул не донесоа никакво приближување по ова прашање.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми