1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина обвинува за организирани грабежи од руските војници

ЖА / агенции
9 ноември 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача – нема да има отстапки ни за еден сантиметар во борбата за Доњецк. Генералштабот обвинува за продолжување на систематско ограбување од страна на окупаторите.

Украина Русија војна Херсон
Огромни уништувања во градот ХерсонФотографија: Metin Aktas/AA/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека украинските трупи нема да отстапат ни еден единствен сантиметар во борбата за источниот регион Доњецк, каде според него и натаму ситуацијата е исклучително тешка. За жаришта се сметаат градовите Бахмут и Авдијвка, кои се изложени на секојдневни напади, во кои руските војници, како што тврдат Украинците, претрпеле високи загуби. Зеленски повтори дека евентуални мировни преговори се можни само доколку е ослободена целата украинска територија, а Москва плати соодветни репарации.

Зеленски во редовната видео-порака го изнесе податокот дека околу четири милиони луѓе во главниот град Киев и во 14 региони се соочуваат со проблеми во снабдувањето со електрична енергија поради оштетувања на инфраструктурата која е цел на руски напади, што ќе создава тешкотии во греењето за време на зимата. 

„Претворање на зимата во оружје е план на една терористичка држава против нашата земја и против цела Европа. Но, ги правиме сите возможни напори за  овој план да пропадне, исто како и многу претходни планови“, нагласи Зеленски.

Украинскиот Генералштаб во меѓувреме соопшти дека во регионот на јужноукраинскиот град Херсон се регистрирани натамошни пљачкања од страна на руските војници. Забележани се цели конвои со украдени апарати за домаќинство и градежни материјали, а продолжува и демонтажата на столбови и постројки од мрежата за мобилна телефонија, јавува Генералштабот од Киев. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми