1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина „посеана“ со мини

Петер Хиле | Нина Веркхојзер
3 октомври 2022

Во Украина е потребна проверка на огромни површини поради заостанати мини или муниција. Деминерите вредно работат, а најмногу финансиски средства дава Германија.

Деминирање во ослободениот украински град Изјум
Деминирање во ослободениот украински град Изјум Фотографија: Juan Barreto/AFP

Тишината во шумата во Бровари е лажлива, ни вели Мајри Канингем, која била таму попладнето. „Тоа е сосем мирна зелена површина на североисток од Киев, во која нема траги од судири. Имав впечаток дека сум далеку од војната во Украина“, ни раскажува таа преку телефон.

Но Канингем, која работи за организацијата Хало траст, одлично знае дека во шумата се „посеани“ мини. На крајот на март таму се водеа жестоки борби. Украинската армија го одби рускиот напад, но експлозивните направи останаа.

„Заканата е сѐприсутна и смртоносна“, вели таа. Канингем ја води украинската програма на Хало траст, најголема светска организација за отстранување на копнени мини. „Овде во Бровари исчистивме некои површини, за луѓето да можат барем малку да се вратат во нормалноста. Но, размерите на проблемот се огромни.“

Моментално 480 луѓе за Хало траст одат метар по метар, со детектори за метал, изработуваат карти, деактивираат мини. Планот е екипажот на организацијата идната година да се удвои.

Пари од Германија

Канингем истакнува дека клучна е поддршката од Германија. Оваа земја од февруари стави на располагање 8,4 милиони евра за отстранување мини, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи за Дојче веле. Од тоа Хало траст доби шест милиони евра.

Се очекува дека финансиската поддршка ќе трае уште долг период.

На почетокот на септември,  германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го обиколи минското поле близу Киев, кое го чисти Хало траст. „Важно е животот овде да продолжи нормално“, изјави таа.

На тоа работат и луѓе од Украинската асоцијација на деминери. „Моментално нашите чистачи на мини се ангажирани во регионите на Буча и Чернигов“, вели Тимур Пистриуха, кој ја води оваа мала невладина организација. За работа на терен има само дваесет луѓе. Вели дека секојдневно се јавуваат нови, но тој нема средства да ги вработи.

Пистриуха би сакал Берлин да поддржи и такви мали украински организации, а не само големите меѓународни. На пример, вели, во Германија се изработуваат одлични детектори за метал, а токму такви му недостигаат на неговиот тим. И роботи за отстранување мини би биле добредојдени.

Според картата со која располага овој човек, во Украина треба да се прегледаат уште 139.000 квадратни километри земја во потрага по мини, експлозивни замки и остатоци од муниција. Тоа е површина поголема од цела Грција.

Руските војници наводно оставале експлозив и на влезните врати на куќите,  во машини за перење облека или во детски играчки.

Мајри Канингем од украинската филијала на Хало трастФотографија: Halo Trust

Стигнува роботот „Теодор“?

Хуманитарни организации ги отстрануваат мините на подрачја каде веќе нема борби, додека војската е задолжена за чистење на земјата околу фронтот. Германија планира и тука да помогне – дваесетина украински војници би требало да ја поминат обуката во школата на Бундесверот на југот на Германија.

Според зборовите на  германската министерка за одбрана, Кристине Ламбрехт,  Бундесверот ќе отстапи и опрема за Украина „да може да води борба против подлата употреба на ова оружје, мини и експлозивни замки.“

Украина: Нагазни мини по нивите, блокиран извоз на жито од земјата

02:24

This browser does not support the video element.

Германската армија од безбедносни причини не сакаше да одговори на прашања на ДВ за каква опрема конкретко станува збор. Порано беше потврдена испорака на четири роботи за отстранување на мини, со кои може да се врши далечинско управување.

Сега би можел да уследи роботот „Теодор“. Тој има изглед на минијатурен тенк, голем е колку количка за пазарување во супермаркет. Со роботската рака може да подигне до сто килограми. Опремен е со цевки за вода под висок притисок, како и со бројни помагала со кои може да деактивира мини.

Уште пред руската инвазија, Украина беше контаминирана со мини и муниција останати по Втората светска војна и по борбите за Донбас во 2014 година.

Денес ни експертите не можат да претпостават колку експлозивни направи има во земјата. „Меѓународната заедница мора да знае дека пред нас е исправен џиновски предизвик. Ќе ни треба добра кондиција“, вели Мајри Канингем.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми