1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зошто САД не и ги даваат тенковите „Абрамс” на Украина?

АРД | БЈ
20 јануари 2023

САД очигледно се подготвени да ѝ испорачаат уште повеќе тешко оружје на Украина. Тенковите „Абрамс” кои пак Германија ги поставува како предуслов за испорака на тенковите „Леопард 2”, очигледно не се вклучени. Зошто?

Американски тенк од типот „Абрамс“ на воена вежба во септември 2022 година
Американски тенк од типот „Абрамс“ на воена вежба во септември 2022 годинаФотографија: piemags/IMAGO

САД, според повеќе медиуми, подготвуваат нови големи испораки на тешко оружје за Украина. Информативниот портал „Политико” повикувајќи се на добро упатени извори, јавува дека САД меѓу другото размислуваат за испраќање на пешадиски оклопни возила од типот „Страјкер” кои се користат и за извидување и за транспорт и даваат поголема заштита од напади. Во моментов сепак не се очекува САД да одобрат испорака на борбени тенкови од типот „Абрамс”, се вели во истиот извештај. Но, испораката токму на тие тенкови, германскиот канцелар Олаф Шолц според информации на весникот „Зиддојче цајтунг” во разговор со американскиот претседател Џо Бајден ја поставил како клучен предуслов за испорака на тенковите „Леопард 2” од Германија во Украина

Германски тенк од типот „Леопард 2“Фотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Тенковите „Абрамс” - логистички „кошмар” 

Причина за американската воздржаност биле комплицираното одржување и обуката за ракување со тенковите. За тоа првично немаше официјална потврда. Портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Нед Прајс, за американска телевизија изјави: „Ние не сакаме на нашите украински партнери да им натовариме системи кои не умеат да ги користат; системи кои не умеат да ги поправаат, системи кои не можат да ги надградуваат”. Тој објасни дека на украинската војска сакаат да и стават на располагање опрема која што ефективно ќе може да ја употребат на военото поле. Таквата проценка ја дели и Макс Бергман од Центарот за стратешки и меѓународни студии ЦСИС од Вашингтон. 

Оклопните возила „Абрамс" се сосем различни од германските тенкови. За нив е потребен друг тип на одржување и друго гориво. Тие, логистички погледнато, се кошмар бидејќи се премногу тешки. Германските воени оклопни возила се многу посоодветни за тоа што и претстои на украинската армија", оценува Бергман. 

Што се однесува до тоа Германија да биде покриена во случај на испорака на тенковите „Леопард 2”, Бергман смета дека е сосем доволно САД да ги испорачаат пешадиските околопни возила „Страјкер”, како и најавата дека Велика Британија ќе испорача тенкови од типот „Челинџер”.

Велика Британија веќе најави испорака во Украина на своите тенкови од типот „Челинџер“ Фотографија: LCpl Spencer/Ministry of Defence/Crown/PA/picture alliance

Експерти: загриженоста на Германија е неоснована 

Експертот на ЦСИС вели дека сѐвкупно придонесот на Германија во однос на Украина се цени. Но, во Вашингтон расте и нетрпението. Германската загриженост дека испораката на германски тенкови во Украина би можела да доведе до ескалација, експертот за Европа на ЦСИС, Бергман, ја смета за претерана. „Во моментот кога беше испорачано артилериско и друго оружје кое - да кажам прецизно - може да убие руски војници, веќе беше прејдена границата за ескалација", аргументира Бергман. На крајот на неделава западните сојузници на Украина во германската база Рамштајн ќе се советуваат околу натамошни испораки на оружје. По консултациите се очекуваат нови најави во врска со тоа. 20 земји ширум светот располагаат со модерните тенкови „Леопард 2” кои се произведуваат во Германија. Сојузната германска влада заради тоа мора да даде согласност, без оглен на фактот од која земја би биле испорачани тенковите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми