Украина: Повикот за примирје за Божик е цинична пропаганда
5 јануари 2023„Ова претставува цинична стапица и елемент на пропаганда“, напиша советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак денеска на социјалната мрежа Твитер.
Руската православна црква не претставува никаков авторитет во светското православие и врши единствено „воена пропаганда“, напиша Подољак. Тој го обвини московскиот патријарх за испраќање повици за геноцид врз Украинците.
Претходно рускиот патријарх Кирил ги повика Русите и Украинците, двете страни во „интерен конфликт“, на примирје во петок и сабота. Според христијанскиот православен календар, в петок (06.01.2023) е Бадник, а в сабота е првиот ден на Божик.
Русија повеќе од десет месеци води агресорска војна против Украина, и има окупирано околу 18 проценти од територијата на земјата, вклучувајќи го и во 2014 година анектираниот украински полуостров Крим.