1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина: Разговори со САД околу безбедносни гаранции

ЖА / агенции
31 јули 2023

Безбедносните гаранции кои земјите од Г7 и` ги ветија на Украина, треба да бидат подетално разработени, Киев потврди одржување конференција на оваа тема во Саудиска Арабија

Џо Бајден  Володимир Зеленски
Американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот, Володимир Зеленски на самитот на Г7 во мај 2023 во ХирошимаФотографија: Susan Walsh/POOL/AFP/Getty Images

Безбедносните гаранции кои земјите од Г7 и` ги ветија на Украина, треба да бидат подетално разработени, Киев потврди одржување конференција на оваа тема во Саудиска Арабија

Украина оваа недела ќе ги започне разговорите со САД околу давање безбедносни гаранции пред планираниот пристап на земјата во НАТО. Ќе се разговара околу конкретни и долгорочни обврски, а целта е на Украина да и` се обезбеди помош против руската агресорска војна и да се спречат идни агресии од страна на Москва, изјави шефот на претседателскиот кабинет во Киев, Андриј Јермак.

Групата од седум водечки индустриски земји на самитот на НАТО во литванскиот град Вилнуснајави давање безбедносни гаранции за Украина, кои би важеле се` до моментот кога од Русија нападнатата Украина ќе биде во можност да стане членка на НАТО.

30 држави на советување околу „мировната формула“ на Зеленски

Јермак најави и одржување состанок на претставници на земјите кои се украински сојузници идната недела во Саудиска Арабија, на чија агенда ќе биде реализација на „мировната формула“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски за окончување на конфликтот.Централен дел од планот е барањето за повлекување на руските трупи од Украина.

Модалитетите околу примена на „мировната формула“ќе ги разгледуваат националните советници за безбедност, откако претходно во јуни во Копенхаген неа ја разгледуваа амбасадорите на земјите-сојузнички на Украина, соопшти Јермак, а на крајот на годината завршни консултации ќе извршат шефовите на држави или влади. Русија не е вклучена во овој процес.

Зеленски: Војната и` се враќа на Русија

По нападот со дронови врз Москва, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војната почнува да се враќа во Русија: „Постепено, војната се враќа на територијата на Русија, во центрите кои ја симболизираат власта и во воените пунктови. Тоа е неизбежен, природен и апсолутно фер процес“, рече Зеленски во западниот украински град Ивано-Франкивск.

Двајца загинати во напад во Доњецк

Во напад на украинските војници врз источниот украински град Доњецк, кој се наоѓа под руска окупација, се убиени две лица. Тамошниот гувернер на истоимениот регион, поставен од Русите, Денис Пушилин на Телеграм јави дека покрај двете жртви се ранети уште четири лица при удар на украинска граната врз автобус.

Градот Доњецк од 2014 година се наоѓа под руска контрола, по започнувањето на борбите на проруските сепаратисти против украинската регуларна армија. Украинските трупи денес држат и натаму позиции на периферијата на Доњецк, а градот често се наоѓа под артилериски оган.

Во украинскиот Кривиј Рих пак, родниот град на украинскиот претседател Зеленски, денеска утрото две руски ракети погодиле во деветкатна станбена зграда и во објектот на универзитетот. Во станбената зграда загинало едно лице, а десет се ранети, но во урнатините под двата објекти сеуште се наоѓаат затрупани луѓе, како што соопшти украинското МВР.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми