1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина сака да регрутира Украинци кои живеат во странство

ЖА
21 декември 2023

Загубите се големи, многу борци се исцрпени: на украинската армија и` требаат повеќе војници. Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров сака да регрутира военоспособни украински мажи кои живеат во странство.

Украински војници на тренинг
Украински војници на тренингФотографија: Kuba Stezycki/REUTERS

На украинската армија и` недостигаат војници. Во потрагата по персонално засилување на армијата, новиот министер за одбрана Рустем Умеров размислува да регрутира мажи од Украина кои живеат во странство. Од Украинците на воена возраст, меѓу 25 и 60 години во Германија и во други земји треба да се побара да се пријават во центрите за регрутирање на вооружените сили. Умеров ова го соопшти во интервју за медиумите „Билд“, ТВ Велт и „Политико“, но притоа министерот зборуваше за покана. Сепак, тој јасно порача дека ќе има санкции доколку некој не одговори на повикот. „Сè уште разговараме што ќе се случи ако тие не се вратат доброволно. Не е казна да се залагаш за сопствената земја и да и` служиш. Тоа е чест“, рече тој.

Потребни се уште 500.000 војници

Украинската војска сака  да мобилизира уште 450.000 до 500.000 војници  за да ја одбие  руската инвазија.  Меѓутоа, финансиските и политичките рамковни услови се` уште не се разјаснети. Претседателот Володимир Зеленски ја нарече мобилизацијата „многу чувствително прашање“. Министерот Умеров потенцираше дека правдата е важна, во иднина, на засегнатите треба однапред да им биде јасно како ќе бидат обучени и опремени, каде и кога ќе служат и кога ќе бидат ослободени од воен рок.

Бегство и мито

Илјадници Украинци се обидуваат да ја избегнат воената служба бегајќи во странство. Контролите на границите се строги, при што службениците ги пребаруваат автомобилите и возовите. Постојано се фаќани мажи во обид да ја преминат границата настрана од граничните премини, низ шуми. Познати се и бројни случаи во кои регрутите преку плаќање мито во регрутните центри се обидуваат да се откупат од обврската да заминат во војска.

Министерот за одбрана Умеров беше оптимист дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во наредната година. „Двете страни во Конгресот ја поддржуваат каузата. И тие исто така разбираат дека силите на злото сакаат да го променат светскиот поредок“. Својот оптимизам го темели на постојаните консултации со партнерите: „Тие ни даваат на сите доверба дека можеме да останеме на нашите планови“.

Водачите на американскиот Сенат во вторникот признаа дека Конгресот нема да одобри нова воена помош за Украина оваа година. Заднината е отпорот на опозициските републиканци против понатамошната помош за Киев. Американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот во октомври нова помош за Украина во вредност од околу 61 милијарда долари (речиси 56 милијарди евра).

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми