1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина: Сменет министерот за одбрана

ЖА / агенции
6 февруари 2023

Досегашниот министер за одбрана Олексиј Резников, кој се најде под притисок поради обвинувања за корупција во неговиот ресор, е заменет со шефот на воената тајна служба, Кирило Буданов.

Досегашниот украински министер за одбрана, Олексиј Резников
Досегашниот украински министер за одбрана, Олексиј РезниковФотографија: Boris Roessler/dpa/picture alliance

Во екот на војната против Русија, Украина изврши смена на својот министер за одбрана. Нов шеф на ресорот ќе биде досегашниот шеф на украинската воена тајна служба, 37-годишниот Кирило Буданов, соопшти преку Телеграм Давид Арахамија, претседател на парламентарната група на партијата „Во служба на народот“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Оваа одлука во воено време е апсолутно логична. Во оваа фаза безбедносните органи мора да бидат раководени од професионални луѓе од областа на безбедноста, а не од политичари“, напиша Арахамија, без да навлегува во детали на каков начин е извршена замената.

Досегашниот министер за одбрана, Олексиј Резников, кој функцијата ја извршуваше од ноември 2021 година, треба да биде министер за стратешки индустриски гранки. 56-годишниот правник беше конфронтиран со критики за серија афери поврзани со корупција и перење пари во неговото министерство. Меѓу останатото, неговиот заменик Вјечеслав Шаповалов поднесе оставка поради скандалот со набавка на прехранбени производи за војската по превисоки цени.

Медиумите објавија и за проневера на пари и во други области во рамките на Министерството, како при изградбата на касарни.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и Олексиј Резников, 2 февруари 2022 година во КиевФотографија: SERGEI SUPINSKY/AFP/Getty Images

Резников ги отфрли обвинувањата и критиките оценувајќи ги за обид за „поткопување на довербата во Министерството за одбрана во еден од најважните мигови“, истакнувајќи дека тој самиот „има апсолутно чиста совест“, поради што отфрли поднесување оставка. „Одлуката дали некој ќе биде министер за одбрана или не, согласно на уставот, ја носи една личност – главниот заповедник и претседател на Украина, Володимир Зеленски“, изјави Резников.

Зеленски не се изјасни јавно за смената на Резников.

Украина, која од пред една годинасе брани од руската инвазија, важеше за една од најкорумпираните земји во Европа. Финансирањето на воените издатоци зависи во најголем дел од средства од Западот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми