1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Украина: Севернокорејски војници во руските трупи

ЕМФ / дпа
14 октомври 2024

Во редовите на руските трупи има и војници од Северна Кореја, тврди украинското раководство.

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски: Сега веќе не се работи само за испорака на оружје, туку за вклучување на Севернокорејци во окупаторските трупиФотографија: Andrew Medichini/AP Photo/picture alliance

Украинскиот претседаттел Володимир Зеленски изјави дека постои силна алијанса помеѓу Москва и режими како оној на севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун. „Сега веќе не се работи само за испорака на оружје, туку за вклучување на Севернокорејци во окупаторските трупи“, изјави Зеленски во своето видео обраќање вчеравечер (13.10).

Во последните денови имаше информации за распоредување на севернокорејски војници во источна Украина. Сепак, сè уште не е дефинитивно разјаснето дали убиените не се всушност припадници на редовните руски војници.

Американскиот воен тинк-тенк ИСВ (Институт за проучување на војната) неодамна објави дека неколку илјади севернокорејски војници пристигнале во Русија и се подготвуваат за распоредување во Украина. Пјонгјанг веќе масовно ја поддржува руската агресивна војна против Украина со оружје и муниција. Според јужнокорејската тајна служба, земјата, која е главно изолирана на меѓународно ниво, првенствено испорачува артилериски гранати и ракети со краток дострел.

Зеленски сака со врска со ваквиот развој на ситуацијата да разговара со западните партнери - и го искористи како можност да повика напоголема поддршка за украинската армија. „Кога зборуваме за повеќе можности за Украина за оружје со долг дострел и повеќе одлучувачки резерви за нашите вооружени сили, не станува збор само за список на воена опрема“, изјави тој, додавајќи дека притоа станува збор за зголемување на притисокот врз Москва до тој степен што таа повеќе нема да може да го издржи. „И се работи за спречување на поголема војна“, вели Зеленски.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми