1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина започна контраофанзива против Русија околу Херсон

БГ /РТР
29 август 2022

Украинските власти во понеделникот соопштија дека ја започнале долго најавуваната контра-офанзива за враќање на територијата на југот на земјата, освоена од Русија на почетокот на агресијата пред 6 месеци.

Украина Војници
Украински војници на вежби во околината на КиевФотографија: Andrew Kravchenko/AP/picture alliance

„Денеска ги започнавме офанзивните акции во различни правци, вклучително и во регионот на Херсон“, соопшти портпаролката на јужната армиска команда на Украина Наталија Хуменјук. Русија ги освои тие региони во околината на Црното море уште во почетокот на инвазијата врз соседната земја во февруари годинава. 

Украина во меѓувреме доби напредни западни оружја со кои успева да ги нападне руските магацини за оружје и да ги наруши линиите на снабдување на непријателот. Хуменјук изјави дека Украина погодила повеќе од 10 мунициски магацини во изминатата недела и тоа, според неа, „недвојбено го ослабнало непријателот“. Таа одби да даде детали за контраофанзивата, оценувајќи само дека руските сили во јужна Украина и натаму се „многу моќни“. 

Рускиот гувернер на окупираниот полуостров Крим, Сергеј Аксионов, ги отфрли тврдењата на портпаролката како „уште еден фејк на украинската пропаганда“. 

Руски војници делат хуманитарна помош во окупираниот ХерсонФотографија: Russian Defence Ministry/Tass/IMAGO

Руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на локалниот функционер Владимир Леонтиев, јави дека се врши евакуација на луѓе од нивните работни места во Нова Кахоква, град на 58 километри источно од Херсон, откако украинските сили извеле повеќе од 10 ракетни напади. 

Важна е секоја граната  

Борбите продолжуваат и во регионот на Доњецк, на истокот на Украина. Руските сили таму гранатирале воена и цивилна инфраструктура во повеќе населени места.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот ја обвини Русија дека се обидува да ги спречи европските држави да ги наполнат своите резерви на гас во пресрет на зимата.

Шведска најави дека ќе испрати дополнителна помош во вредност од 50 милиони евра за Украина, за време на посетата на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

„Секое евро, секој куршум, секоја граната е важна“, порача Кулеба и побара дополнителни хаубици и гранати во Стокхолм.
И Германија најави дека ќе испрати повеќе оружје во Украина во следните недели, и ќе му помогне на Киев да ги зајакне своите артилериски и против-воздушни капацитети. Канцеларот Олаф Шолц од Прага порача дека Германија ќе продолжи да и помага на Украина, но и на други поранешни советски републики да се приклучат кон ЕУ.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми