1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина: Во војната се убиени близу 13.000 украински војници

ЖА /АФП
2 декември 2022

Советник на украинскиот претседател Зеленски изјави дека во војната против Русија се убиени до 13.000 украински војници.

Украина Русија војна
Погреб на загинат украински војник, убиен во борбата со руските сили во БахмутФотографија: Metin Aktas/AA/picture alliance

Официјалните проценки на Генералштабот на украинската армија се дека во борбите против руските агресорски сили загинале од 10.000 до 13. 000 украински војници. Бројките синоќа ги соопшти Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател, со укажување дека Володимир Зеленски бројката ќе ја прецизира кога ќе дојде вистинскиот момент за тоа.

Зеленски во јуни изјави дека дневно животот го губат од 60 до 100 украински војници, а 500 се здобиваат со повреди.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу пак во септември наведе бројка од 5900  убиени руски војници.

Се претпоставува дека двете страни  официјално ги минимизираат своите загуби наспроти реалните, за да не го загрозат моралот на своите трупи. Наводите од двете страни не можат да добијат независна верификација.

САД проценуваат дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, во февруари оваа година, досега се убиени или ранети преку 100.000 припадници на руските вооружени сили.На украинска страна веројатно има сличен број жртви, изјави американскиот генерал Марк Мајли минатиот месец.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми