1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина започнува со рестрикции на струјата

ЖА / дпа
20 октомври 2022

По масивните руски напади врз енергетската инфраструктура, во Украина од денеска започнува рестрикција на електричната енергија во целата земја.

Рестрикции на струја во Украина
Рестрикции на струја во УкраинаФотографија: Roman Baluk/Reuters

Во главниот град  Киев снабдувањето со електрична енергија беше прекинато во одделни домаќинства на кратко време уште синоќа. Украинскиот дистрибутер Укренегро најави тесни грла од денеска и во други области до 22 часот по локално време (21 часот по средноевропско време). Целокупното население е повикано да троши што е можно помалку струја во времето од 7 часот утрото до 22 часот. Истовремено, упатени се апели да се држат во приправност генератори, батерии и рачни ламби.

Веќе десетина дена Русија врши постојани ракетни напади  низ целата Украина, а посебно цели на критичната инфраструктура. Според најновите информации од владата во Киев, во нападите со руски ракети и дронови  украинската енергетска инфраструктура е оштетена во меѓувреме за околу 40 проценти. Се стравува дека  ситуацијата во текот на зимата драстично ќе се влоши.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми