1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски го посети фронтот кај Бахмут, нападнат Лвов

СН/агенции
15 август 2023

За време на посетата во близина на градот окупиран од руските војници, претседателот им се заблагодари на украинските војници. Во меѓувреме, украинските власти јавија за тежок руски воздушен напад врз Лвов.

Претседателот Володимир Зеленски позира за селфи со украински војник за време на посетата на на фронтот  во близина на Бахмут
Претседателот Володимир Зеленски позира за селфи со украински војник за време на посетата на на фронтот во близина на БахмутФотографија: Ukrainian Presidential Press Office/AP/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети позициите на неколку единици на украинската војска северно од градот Бахмут, кој е контролиран од Русија, во источниот дел на регионот Доњецк. „Ви благодарам што ги заштитивте животите на нашиот народ“, рече Зеленски во видеото објавено во понеделникот, 14 август, 2023, кое беше снимено во прифатниот центар за повредени припадници на војската.

Зеленски потоа им додели награди на војниците. Тој беше придружуван од шефот на неговиот кабинет Андриј Јермак, неговиот заменик Роман Машовец и бригадниот генерал Артем Бохомолов.

Украинскиот претседател Зеленски (десно) разговара со војници на фронтот кај БахмутФотографија: Ukrainian Presidential Press Service/REUTERS

Заменик-министерката за одбрана Хана Маљар претходно објави дека украинските единици јужно од Бахмут во минатата недела повратиле три квадратни километри територија, окупирана од руските сили. „Важно е да се разговара лично со војниците“, рече Зеленски во своето редовно вечерно обраќање, кој очигледно беше снимено во возот на враќање од посетата на единиците кај Бахмут. Во него тој изјави и дека Украина мора да го прошири производството и увозот на дронови. Тоа, според Зеленски, ги заштитува човечките животи на фронтот.

На првата линија на украинската контраофанзива

01:44

This browser does not support the video element.

Украина: тешки воздушни напади врз Лвов

Според украински извори, руската армија извршила тешки воздушни напади врз регионот Лвов на западот на земјата. „Беа соборени многу ракети, но имаше и погодени цели во Лавов“, напиша на Телеграм градоначалникот на истоимениот град Андриј Садови. Запалената зграда била евакуирана.

Оштетена зграда за време на руското ракетирање на ЛвовФотографија: Head of the Lviv Regional Military Administration Maksym Kozytskyi/REUTERS

Претходно гувернерот на регионот Лвов Максим Косицки изјави дека „групи руски ракети“ се летаат кон регионот.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми