1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаИталија

Џорџа Мелони е нова премиерка на Италија

СН/агенции
22 октомври 2022

Десничарската екстермистка Џорџа Мелони стана првата жена во историјата на Италија која положи заклетва на премиерската фунција. Во претседателската палата во Рим заклетва положија и членовите на владиниот кабинет.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела со новоименуваната италијанска премиерка Џорџа Мелони непосредно пред церемонијата на полагање заклетва
Италијанскиот претседател Серџо Матарела со новоименуваната италијанска премиерка Џорџа Мелони непосредно пред церемонијата на полагање заклетваФотографија: Alessandra Tarantino/AP

Џорџа Мелони положи заклетва за премиерка на Италија и ќе ја предводи првата крајно десничарска влада во земјата од крајот на Втората светска војна.

Мелони (45), исто така, и прва жена на чело на италијанската влада, и нејзите министри положија заклетва во претседателската палата пред италијанскиот претседател, Серџо Матарела.

Ултрадесничарската партија на Мелони, Браќа на Италија, освои најмногу гласови на минатомесечните парламентарни избори.

Џорџа Мелони синоќа го објави составот на својот кабинет. Нејзините коалициски партнери се десничарската Лига на Матео Салвини и конзервативната партија Напред која ја предводи поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Мелони положи прва заклетва, а потоа нејзините двајца вицепремиери од двете партии од коалицијата, Матео Салвини и Антонио Тајани, висок претставник на партијата на Берлускони Напред Италија.

Џорџа Мелони е првата жена на премиерската функција во историјата на ИталијаФотографија: Gregorio Borgia/AP/dpa/picture alliance

Списокот на министри кои Мелони ги избра ја одразува нејзината желба да ги намали грижите на европските партнери за идните односи ЕУ-Италија поради доаѓањето на чело на владата на шефица на една крајно десничарска партија.

Именувањето за министер за надворешни работи на поранешниот претседател на Европскиот парламент, Тајани, синоќа веднаш го поздрави претседателот на Европската народна партија, Германецот Манфред Вебер, како „гаранција за проевропска и атланска Италија“.

Втора подадена рака кон Брисел е и именувањето на Џанкарло Џорџети, претставник на умереното крило на Лига, кој беше министер и во владата на Марио Драги, и кој ќе го наследи важниот ресор економија.

Популистот Салвини мораше да се задоволи со ресорот инфраструктура и сообраќај, а го сакаше престижното министерство за внатрешни работи, кое е дадено не еден технократ.

Поранешниот министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини (во средина) ќе биде министер за инфраструктура во новата италијанска владаФотографија: Gregorio Borgia/AP Photo/picture alliance

Од 24 министри само шест се жени, на кои им се дадени помалку важни ресори.

Предавањето на власт меѓу Мелони и Драги ќе се одржи утре во седиштето на владата, и потоа ќе следи првата седница на новиот кабинет.

На изборите одржани на 25 септември, на кои беше забележено рекордно ниска излезеност, партијата Браќа на Италија освоија 26 отсто од гласовите, партијата на Салвини доби малку под 9 насто, а на Берлускони нешто над 8 отсто.

Партијата на Мелони оствари огромент успех, со оглед на претходните избори во 2018 година кога доби околу 4 насто од гласовите.


 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми