Детелина собрана во парк може да биде уметничка слика? Уметницата Христина Крстеска во природата гледа инспирација, но и ресурс за своите слики. Цветовите се нејзините четки и бои. Барајќи материјал за своите дела таа ја истражува флората и учи за природата.