1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиЈамајка

Ураган Мелиса: Бројот на жртви расте, пристигнува помош

СН/агенции | дпа
31 октомври 2025

Уништени куќи, очајни островјани - и спасувачи кои ги расчистуваат блокираните патишта со мачети: катастрофата предизвикана од ураганот на Карибите отсече многу луѓе од надворешниот свет.

Поглед од небо на оштетени згради и други објекти во Јамајка по налетот на ураганот Мелиса
Разурнувања во Јамајка: Ураганот Мелиса е една од најмоќните атлантски бури досегаФотографија: AFP/Getty Images

Разорниот Ураганот Мелиса повеќе не е закана за карипските земји, но одзеде најмалку 50 животи и предизвика штета од милијарди долари. Иако циклонот повеќе не претставува акутна закана на своето натамошно патување низ Северниот Атлантик, првите хуманитарни летови слетаа во тешко погодената островска држава Јамајка. Луѓето таму, со оглед на уништувањето на цели области, итно им е потребна помош, објавија властите.

Според Американскиот центар за урагани во Мајами, циклонот помина западно од островскиот ланец Бермудски Острови во Атлантикот вечерта кон петок (локално време). Бидејќи во тоа време беше класифициран само како ураган од категорија 2 од 5, со ветрови до 155 километри на час, а центарот на бурата не беше над копно, оваа британска прекуокеанска територија се чини дека помина со мала штета. Потоа, се очекуваше Мелиса дополнително да ослабне и на крајот да се распадне како област со низок притисок над Атлантикот.

Ситуацијата на Јамајка останува критична

Сепак, на Карибите, ураганот Мелиса остави зад себе смртоносна трага од уништување. Само на Хаити, според прелиминарните податоци од властите, загинаа 30 лица, на Јамајка најмалку 19, а една жртва е пријавена од Доминиканската Република. На Куба и на Бахамите, според досегашните сознанија, штетата останала само материјална.

Меѓутоа, особено на Јамајка, се очекува бројот на жртви да се зголеми, и тоа бидејќи многу места и натаму се отсечени од надворешниот свет. Брзината на ветерот до 295 километри на час остави таму слика на уништување: безброј куќи се урнаа, дрвја и далноводи паднаа, повеќе од 100 патишта беа непроодни, а стотици илјади луѓе сѐ уште се без струја. Спасувачките екипи се обидуваат да ги расчистат блокираните патишта.

Еден од најсилните урагани во Атлантикот

Мелиса го погоди југозападниот брег на Јамајка во вторникот (локално време) како ураган од најсилната категорија 5. Американскиот центар за урагани го нарече еден од најсилните урагани што некогаш го погодиле Атлантикот.

Според првичните проценки на приватната американска метеоролошка служба АкуВетер, која, исто така, го проценува влијанието на временските непогоди, вкупната штета и економските загуби од бурата би можеле да изнесуваат помеѓу 48 и 52 милијарди американски долари (околу 41 до 45 милијарди евра).

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми