1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

„Крај на играта“ за сајбер криминалците

ЖА
30 мај 2024

Во меѓународна акција, германската полиција изврши еден од најголемите удари досега против сајбер-криминалот. Уапсени се четири лица, а распишани се десет меѓународни потерници.

Германски полицајци во акција против сајбер криминал
Германски полицајци во акција против сајбер криминалФотографија: Julian Stratenschulte/dpa/picture alliance

Германската криминалистичка служба (БКА) акцијата ја нарече „Операција крај на играта“, а потпретседателката на службата, Мартина Линк, можеше да се пофали овој четврток (30.5.): „Со досега најголема меѓународна  полициска акција во сајбер просторот, на криминалистичките служби им успеа да нанесат значителен удар против  криминалот на интернет.“

Се разбира, тоа не можело да биде заслуга само на германските службеници - активно учествувале и соодветни служби од Холандија, Франција, Велика Британија и САД, а поддршка добиле и од Португалија, Украина, Швајцарија, Литванија, Романија, Бугарија, Ерменија. и Австрија.

Веќе во првиот удар биле уапсени четири лица, а по десет лица е распишана меѓународна потерница. Претресени се 16 згради во Ерменија, Холандија, Португалија и Украина, запленети се повеќе од сто сервери, а од мрежата се отстранети над 1.300 веб-адреси што ги користеле криминалците.

Цел на акциите биле лица и опрема од која стигнувале  шесте најважни групи „тројанци“ - поточно „дропери" кои биле користени за  тероризирање на корисниците на интернет  и упад во туѓите компјутерски системи: IcedID, SystemBC, Bumblebee, Smokeloader, Pikabot и Trickbot. Со овие вируси се навлегувало во компјутерите и на компании и на поединци, а тамошните податоци се правеле нечитливи дури и за сопствениците на тие компјутери - додека не го платат „откупот“.

Запленети се и 69 милиони евра од криминална компанија, а ако мислеле дека се безбедни од полицијата ако парите ги претворат во криптовалута, се лажеле. Блокирани се 99 „паричници“ на криптовалути со вкупна вредност од над 70 милиони евра.

И за овој случај истрагата продолжува бидејќи допрва треба да се собираат податоците од запленетите компјутери.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми