1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успешно ли е македонското претседавање со ОБСЕ?

30 ноември 2023

Жално е што можноста не беше искористена за позасилена културна, академска и економска презентација и редефинирање на имиџот на земјата, колку и да се скромни нашите ресурси. Пишува Арсим Зеколи

Бујар Османи
Успешно ли е македонското претседавање со ОБСЕ? фото: Бујар ОсманиФотографија: Thomas Peter/REUTERS

Традиционално, секоја министерска конференција и секое претседавање со ОБСЕ е однапред гарантирано дека ќе биде оценето како „успех и придонес кон заедничката безбедност и соработка”, дури и доколку за времето на истото избиваат жешки војни и возобновуваат студени војни. Нема сомнеж дека истото ќе се случи и со нашето Претседателство.  

Впрочем, заклучокот веќе беше изнесен во средата од Ентони Блинкен. Нема сомнеж дека истиот став ќе биде пренесен и од Брисел, Берлин, Лондон. Што се однесува до Москва, за очекување е Лавров да испрати некоја пацка, Захарова да истресе уште некоја зелена, а притоа интимно Сергеј да му се заблагодари на Бујар Османи што ги послушал указите од Блинкен. Што се однесува до домашните заклучоци, безмилосната кампања на опозицијата и мешовитата комисија на анти-ДУИ и албанофоби нас’скани против Бујар Османи на крај ја имаат подриено шансата да Претседавањето се смета како успех на Македонија, а притоа не можат да го спречат и Бујар и ДУИ, претседавањети да го користат за сопствена промоција, кампања и фалење пред домашната и регионална јавност. 

Сепак, присуството на Блинкен и Лавров се голем пердув во шапката на оваа или било која идна дипломатска постава и имиџ на земјата, колку и да е тоа контроверзно во овој час. На Бујар Османи со ОБСЕ, слично како и на Никола Димитров со Нивици, им беше дадена можност преку сопствена промоција ја воздигнат земјата на повисоко рамниште и, по можност, да не ја превртат таа можност во фестивал на парадерство. Времето ќе каже колку и со какви доблести се искористени таквите шанси.

Колку и да беше посакувано, претседавањето со ОБСЕ ниту може, ниту е упатно да се користи за наметнување на сопствени прашања, како што многу, претежно, опозициски гласови бараа, советуваа или критикувааа. Во ОБСЕ, таквиот пристап има мали шанси за постигнување на посакуваното и големи шанси за негативен контра-ефект. Претседателството е секако привилегија, чест и уважување, но не и надмоќ на диктирање или наметнување национални теми. Жално е што можноста не беше искористена за позасилена културна, академска, економска и професионална презентација и редефинирање на имиџот на земјата, па колку и да се скромни ресурсите на нашата економија. Можеби Османи успеа да биде присатен во домашните медиуми, но неговото штуро присаство и целосното отстаство на амбасадорот Игор Џундев од регионалните, европски па и сметски медиуми е, барем за мене, неразбирливо и збунувачки. 

Протоколарен успех  

Како заклучок, ќе повторам дека секое Претседателство на ОБСЕ на крај се поздравува како успех. Македонија секако нема да биде исклучок, протоколарно барем. Е сега, какви се или какви ќе бидат коментарите низ ходниците од Владивосток преку Виена до Ванкувер, тоа ќе си ги коментираат нашите домашно завојувани дипломатски кланови низ кафулињата во ГТЦ. Но она што, сосема субјективно, би сакал да го посочам дека и ова претседавање, како и сличните претходни дипломатски иницијативи на нашата дипломатија, ја докажува неспремноста, неспособноста или неволноста да се разбереме себе онака како што другите имаат интерес да не третираат. Како мала, срамежлива, смотана земја со скромни политички, академски, интелектуални и следствено дипломатски ресурси, но неумешна да таквите недостатоци ги искористи во нудење креативни решенија. Кои доколку се успешни, ќе ни прават чест, а доколку неуспешни – нема да ни се замери премногу.

Чинам дека претседавањето со ОБСЕ беше дадена прилика од која многу од спротиставените страни очекуваа некаков, да кажам, дискретно креативен потик или иницијатива. За жал, ендемската нарцисоидност, егоистичност и парадерска култура не оставаат простор за градење на ресурси кои ќе умеат да нашите гранични, цивилизациски, идеолошки различности ги експлоатираат и врз нив профитираат. Познавајќи ги заткулисните динамики во ОБСЕ, не би бил изненаден доколку и западот и истокот очекуваа нешто повеќе од нашето претседателство, некој исчекор кој prima facie би бил пречекан со незадоволство, но дискретно прифатено како можност за исчекор од статус квото. Вака, нашето претседателство е само потврда дека навистина, секоја политика е локална. Дури и кога е на меѓународна сцена. 

 

Оваа колумна го изразува личното мислење на авторот и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на македонската редакција на Дојче Веле или со ДВ во целина.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми