1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уставниот суд го укина „балансерот“

ДТЗ
9 октомври 2024

„Лага и манипулација е дека Уставниот суд со својата одлука укинал права на која било заедница. Законот беше на штета на помалите заедници“, вели претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски

Уставен суд
Уставниот суд го укина „балансерот“Фотографија: Petr Stojanovski /DW

Уставниот суд со мнозинство гласови донесе одлука за укинување на „балансерот“- алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Гласањето беше тајно. Одлуката на уставните судии нема да важи ретроактивно. Со неа, државните институции во иднина не ќе можат да објавуваат огласи во коишто ќе се наведува припадност на заедница, а во регистарот на вработени во јавниот сектор нема да се евидентираат податоците за вработените во институциите.

За вработување во државната администрација ќе важи принципот на стручност и компетентност.

Се укинуваат одредби од закони

Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. 

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од неколку закони, правилници и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување. 

„Не укинуваме цели закони, туку одредби од закони, кои во иднина не ќе можат да се применуваат“, порача на прес-конференција претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски. Тој е дециден дека не постои вакуум и дека не се укинуваат правата на граѓаните. 

За вработување во државната администрација ќе важи принципот на стручност и компетентност, место етничката припадностФотографија: picture alliance/dpa/Patrick Pleul

Апел до политичарите

Според Костадиновски, „лага и манипулација е дека Уставниот суд со својата одлука укинал права на која било заедница“.

„Ние сме чувари на Уставот. Темелната соодветна и правична застапеност е тука во Уставот и таа постои. Законодавецот има и уставно овластување и право да ги операционализира уставните норми и особено темелните вредности“, рече тој на прес -конференција. Притоа, апелираше политичарите и институциите да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд, а не да ја политизираат и етнизираат. 

Првиот човек на Уставниот суд вели дека додека законодавецот не смисли некое решение, настапуваат на сила другите уставни принципи - а тоа е принципот за стручност и компетентност. Одлуката на највисокиот суд смета дека треба да биде поздравена од помалите заедници, затоа што тие се жртви на злоупотребите, посочувајќи дека граѓани го менувале етничкото чувство, само за да се вработат во државната администрација. 

„Вака поставениот закон одеше на штета на помалите заедници“, дециден е Костадиновски. 

Се бара ново решение 

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од неколку закони, правилници и 

Министерот за дигитална трансформација, Стена Андоновски на прес-конференција најави дека Владата ќе остане фокусирана на правичната застапеност во администрацијата, бидејќи тоа е уставна категорија. 

„Во наредниот период се надевам дека тие ќе работат на законско вообличување, правно вообличување на темелната вредност на Уставот, соодветна правична застапеност на сите етнички заедници во Македонија. Важен е тој темелен принцип на Уставот, и треба да се почитува, но треба да се најде начин како тој темелен прицнип да не биде во колизија како што беше до сега со квалитетот кон претенциите и изигрувањата на системот, што е најважно. Наша задача беше дигиталната алатка да ја вратиме на законските основи, а се понатаму претставува владин договор, а потоа и согласно и со граѓаните и со пратениците во Собранието“, вели министерот. 

Прашањето за балансерот се отвори поради сомнеж за злоупотреби, по укажувањата дека во Министерството за јавна администрација (МЈА) од вкупниот број вработени административци, 43 отсто се од етничките заедници, што беше предмет на ревизија.  

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми