1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Безживотното тело на Вања пронајдено во близина на Скопје

БГ
3 декември 2023

Трагичен крај на седумдневната потрага по 14-годишната Вања Ѓорчевска. Обвинителството соопшти дека полицијата го пронашла нејзиното безживотно тело во близина на Скопје. Мотивот бил „користољубие“.

Вања Ѓорчевска
14-годишната Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот на 27 ноемвриФотографија: Nordmazedonien Innenministerium

Безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска е пронајдено во околината на Скопје. Девојчето, по кое полицијата трагаше седум дена, било убиено само неколку часа откако било киднапирано од пред својот дом во Скопје. Речиси истовремено, во околината на Велес, било пронајдено телото и на 74-годишно лице од Велес кое било пријавено за исчезнато на 24 ноември годинава. 

Полицијата и обвинителството ги поврзуваат двата случаи и соопштија дека во врска со нив се  осомничени пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица. Од полицијата велат дека во врска со овие кривични дела пронашле опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, се наведува во полициското соопштение. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми